Запознајте ја најмладата македонска инфлуенсерка: Интервју со мајката на Прилепското чупе кое го освојува Инстаграм

Запознајте ја најмладата македонска инфлуенсерка: Интервју со мајката на Прилепското чупе кое го освојува Инстаграм

Објавена во: Stars // Интервјуа

Секојдневно сме сведоци на ширењето на инфлуенсерството и тоа што оваа професија нема возрасна граница. Така, имаме инфлуенсери постари од 60 години, но и деца инфлуенсери, па дури и бебиња. Овој тренд полека, но сигурно се шири и во нашата државата, па така често може да наидеме на креативни профили и мини инфлуенсери, кои со своите преслатки пози ги освојуваат и сите.

Еден таков профил е оној на 2-годишната Марија, која со своите родители живее во градот под Марковите кули. На Инстаграм може да ја најдете под името @marija_kerpicoska, но Марија има и специфичен прекар – Прилепското чупе, а за Хаштаг нејзината мајка Зорица Керпичоска открива како дошле до оваа идеја.

Во градот Прилеп и прилепско зборот девојче е чупе. Па, од таму дојде и прекарот Прилепското чупе.

Оваа 25-годишна мајка ни откри и како дошле до идеја да ѝ отворат профил на малата Марија, кој е активен само година и пол, а веќе има повеќе од 8.000 следбеници.

Со оглед на тоа што мојата ќеркичка е многу фотогенична, сака да се фотографира и да биде воцентарот на вниманиетоа секако најмногу и за забава решивме да ѝ отвориме Инстаграм профил.

Кога се децата инфлуенсери во прашање, веќе кажавме дека ширум светот има навистина влијателни, а предводници на истиот кај нас се младите родители, кои лесно го прифатија тоа.

Трендот на мали инфлуенсери почнува да доаѓа и кај нас, па така иние младите родители посебно мајките го прифативме тој инфлуенсерски живот на нашите малечки. А, ставовите за тоасе поделени. Некои од луѓето го прифаќаат тоа,а некои преплавуваат со негативни коментари.

На профилите на младите инфлуесери гледаме само прекрасни фотографии од малите дечиња, но Зораца ни посочува дека тоа е еден забавен процес, кој е проследен со игра.

Повеќето од луѓето кога ќе погледнат во профилите на младите инфлуенсери гледаат самопрекрасни фотографии од мали дечиња кои мирно седат и позираат додека не се запознаени што всушност се случува. Децата на помала возраст се мошне палави и нетрпеливи, па затоафотосесиите ги правиме низ игра и забава. Посветеноста и трпеливоста на родителот му даваат потик на детето за полесна соработка. Едноставно, пред да објавиме фотографија правиме милион фотографии, па од нив ја одбираме најдобрата.

Во светот, децата инфлуесери имаат многу соработки со познати брендови за играчки, детска облека и слично, а мајката на 2-годишната Марија ни откри дека досега имале некои помали соработки, но дека секогаш се расположени за нови. Кога е оваа тема во прашање, многумина ги осудуваат родителите кои преку своите деца заработуваат, но оваа мајка досега не се соочила со негативни коментари и ситуации.

Јас сѐ уште се немам соочено со негативни коментари и ситуации, но познавам луѓе кои се соочиле со истото. Секогаш ќе ги подржувам младите мајки и сум на страната на младитеслатки инфлуенсери.

За тоа дека Марија е вистинска ѕвезда говори и фактот што некои луѓе дури и приоѓаат за да се фотографираат со нив, а таа ужива во тоа.

„Со оглед на нејзината возраст таа сѐ уште не е свесна за тоа што се случува, но не се изненадува кога дел од луѓето ѝ приоѓаат за да се фотографираат со неа. Напротив таа ужива во тоа.“


И. Мисајловска


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: