Заради Илина Соколовска сите ја слушнаа „Кога падна на Пирина“ од Некст тајм: Освои сребрен медал за Германија со македонска песна (ВИДЕО)

Заради Илина Соколовска сите ја слушнаа „Кога падна на Пирина“ од Некст тајм: Освои сребрен медал за Германија со македонска песна (ВИДЕО)

Песната „Кога падна на Пирина“  од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и се закити со вицешампионско место.

Илина се натпреваруваше за Германија и и донесе сребро во конкуренција на над 20 земји  учеснички од целиот свет.

Со овој натпревар, кој се одржа во Леверкузен,  македонското девојче Илина, кое веќе неколку години реди успеси за Германија, ја заврши сезоната на спортување и има пауза до фебруари, кога ќе стартува новата сезона.

„Среќна сум многу, особено што настапуваа гимнастичарки од над 20 земји од целиот свет. Им се радувам на сите медали што ги освоив за Германија, но ми е жал што не се тоа успеси за Македонија. А, оваа песна ја одбрав бидејќи иако живееме во Германија, ние дома постојано слушаме македонска музика, а и ги сакам Некст тајм“ - ни рече Илина.


Илина и нејзината помала сестра Ева се дел и од Бундес лига и во претходните два напревари екипно ги освоија вторите места за Бундес лига и на републичкиот напревар.

„Се натпреварував екипно и се собираа поени за целиот тим.  Ние со нашиот тим по бодови бевме втори уште по вториот натпревар. Четири екипи се сретнаа во финале и се натпреваруваа кој ќе биде првак на Германија, а кој ќе биде во прва Бундес лига“ - ни рече Илина, која и на двата натпревари се натпреваруваше со повреда.

Но, и покрај тоа што имаше проблем со ногата, сепак, успеа екипно да освои најмногу бодови и да го освојат сребрениот медал.

„Последниве месеци напорно тренирав, ме чекаа големи натпреварувања и немаше простор за одмор. Одеднаш почна ногата да ме боли, едвај газев на неа, но не се откажав. И покрај болките настапив. Бев на лекар, ми рекоа дека имам истегнат мускул. Затоа во оваа пауза до почеток на новата сезона ќе вежбам само фитнес заради мускулите“ - ни рече Илина.

Нејзината помала сестра, Ева, пак, пред една недела имаше републички напревар и го освои второто месо. 

Можеби ќе ве интересира: