„Засекогаш да изгледаме како сестри“: Анастасија со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на Цеца

„Засекогаш да изгледаме како сестри“: Анастасија со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на Цеца

Објавена во: Живот // Живот

Денес, најголемата фолк ѕвезда на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ го прослави својот 47 - ми роденден во карантин. Причината за тоа што овој роденден го прославува сама е тоа што е позитивна на новиот коронавирус.

Но, нејзините најблиски ни покрај тоа не ја заборавија и многу нејзини блиски пријатели и роднини ѝ го честитаа роденден на социјалните мрежи, но само една порака се издвојуваше од сите. Тоа беше пораката од нејзината наследничка Анастасија Ражнатовиќ.

Во продолжение, погледнете со кои фотографии ѝ го честиташе роденденот на мајка си, а воедно и што ѝ порача:

„Среќен роденден мамо! Пред сѐ да ми бидеш жива и здрава и секогаш така позитивна, насмеана, топла и среќна. Да пееме, да се веселиме и секогаш да имаме повод за славење. Секој ден од годината да бидеш сѐ помлада и засекогаш да изгледаме како сестри.“ - ја започна честитката гордата ќерка.

„Јас сум најсреќна личност на светот поради тоа што те имам! Ти си најдобриот човек што го познавам! Личноста која ја сакам најмногу на светот и која засекогаш ќе и го чувам грбот! Засекогаш да останаш голема, грациозна. Ти си дефиниција за сѐ што една жена и дама треба да претставува. Ти благодарам за сѐ што направи за нас и што секогаш сме ти на прво место покрај сите животни борби.“ - продолжи наследничката на Цеца.

„Себе си роди ќерка за да те чува засекогаш и секогаш, но секогаш да ја држи твојата страна. Покрај мене никогаш нема да бидеш сама! Те сакам твојата ќерка засекогаш, па дури и после тоа!“ - заврши Анастасија.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: