Заведе многу убави и успешни жени па исчезна: Се криеше од своето познато семејство, а сите ги изненади со трансформацијата

Заведе многу убави и успешни жени па исчезна: Се криеше од своето познато семејство, а сите ги изненади со трансформацијата

Објавена во: Совети // Семејство

Роб Кардашијан се прослави во реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, но изгледа дека со текот на годините популарноста му здодеа...

Роб Кардашијан братот на познатиот „клан“ Кардашијан - Џенер, е потполно запоставен дел на семејството, кој покрај учеството во реалното шоу не се прослави како неговите сестри. Сепак, овој 34 - годишен маж во еден момент успеа да зграби дел од колачот, но погрешниот измор на партнерки го однесе во депресија и живот далеку од очите на јавноста.

Имено, тој своевремено важеше за вистински шармер, а го освои срцето на Рита Ора, а нешто подоцна и на Блек Чајна. Оваа кратка романса беше кобна по психичкото здравје на Роб. Сè започна во 2016 година, кога започна да се забавува со неа, покрај фактот дека беше познато дека парите и популарноста ѝ се на прво место и дека таа го мрази неговото семејство. Блек Чајна посебен пик имаше на Кајли Џенер, која ѝ го презеде вереникот Тајга. Сепак Роб замижа на овие препреки и по три месеци врска ја побара за жена.

Набрзо потоа обелоденија дека ќе станат родители, а во септември се роди Дрим Кардашијан. По само три месеци двојката објави дека ќе се разделува, а Роб како причина го наведе честото неверство на неговата избраничка. Иако Блек Чајна набрзо продолжи со својот живот и најде нов маж, Роб беше уништен од оваа разделба.

Откако со години не се појавуваше во  медиумите, а потоа шокираше со трансформацијата и прекумерниот број на килограми, Роб Кардашијан си постави некои нови цели во животот и одлучи дека е време за здрави промени. Така, Роб во оваа година влезе со неколку нови одлуки од кои не се откажа, иако воопшто не му било лесно, потврдува извор близок на братот на најпопуларната старлета на светот, Ким Кардашијан.

„Не престана да вложува труд и напор во своето здравје и во она што е добро за него. Во 2015 година му беше дијагностициран дијабетис, а сега ја намали конзумацијата на брзата храна и алкохолот и навистина работи на здравиот начин на живот и воведувањето на здрави навики. Тоа за него ја промени играта“ - изјави изворот.

Како резултат на тоа, Роб повторно почнавме да го гледаме во јавноста. Прво се појави на роденденот на својата сестра Клои, потоа на семејната прослава на 4 јули,  а на крајот, минатиот октомври се врати и во реалното шоу кое го прослави неговото семејство, „Во чекор со Кардашијанс“.

Во декември пејачката Рита Ора се присети на времето кога тие двајца беа двојка, поточно во 2012 година, а неговата поранешна вереница Блек Чајна потврди дека ги решиле сите несогласувања околу родителството над нивната ќерка Дрим и сите проблеми.

„Добро му оди, тој е сè подобро и има многу позитивна енергија“ - изјави Чајна во емисијата „The Wendy Williams“ и додаде дека за Денот на вљубените ѝ испратил многу убав букет цвеќе.

„Го пронајде своето среќно место, фокусиран е на Дрим и сета среќа која таа му ја носи: Сака да биде најдобриот татко и не сака да ја изневери. Таа му помогна да го пронајде вистинскиот пат и целта за постоењето“ - изјави извор близок на Роб.

Неодамна се пишуваше и за новата љубов која ја пронашол со инфлуенсерката Ајлин Жизел. Откако таа објави видео од нивниот состанок започнаа приказните дека веќе некое време се во врска, но никој од нив двајца не го потврди тоа.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: