Заврши 2 факултети, дедо ѝ е спортска легенда: Оваа убавица е идната кума на Анастасија Ражнатовиќ (ФОТО)
Младата актерка Тара Милутиновиќ неодамна за прв пат се појави на филмското платно
Новиот филм „Ал је леп овај свет“ неодамна ја имаше својата премиера, а секој ден постигнува огромен успех. За тоа се заслужни фантастични, веќе познати актери, но свој белег остави и младата генерација актери, а меѓу нив беше и Тара Милутиновиќ, на која ова ѝ беше филмско деби. Уште пред да се појави на екранот, многумина велеа дека е многу убава и ѝ предвидуваа одлична актерска кариера на Тара.
Пред да се испроба во глумата, Тара на јавноста ѝ беше позната како најдобра пријателка и идна кума на српската позната пејачка Анастасија Ражнатовиќ.
Сепак, она што ретко кој знае е фактот дека Тара е внука на легендарниот фудбалер и тренер Велибор Бора Милутиновиќ. И не само тоа, оваа убавица е и наследничка на познатото телевизиско лице Драгана Милиќевиќ, која ја доби од бракот со Урош Милутиновиќ. А со поранешниот фудбалер, поранешната водителка има уште една ќерка Дарија.
За Тара малку се знае во медиумите, но таа е навистина некој кој го заслужува целото внимание. Имено, Тара дури дипломирала на два факултета.
Најпрво дипломирала на Економскиот факултет и сфаќајќи дека сепак актерството е она во што најмногу се пронаоѓа, дипломирала и на Факултетот за современи уметности во класата на Вида Огњеновиќ.
- Прво, завршив економија, ми се допадна, но имав погрешна идеја за тоа како ќе изгледа. Бев многу млада, влегов на факултет на 17 години и се гледав себеси како успешна жена. Кога се вработив, бев многу несреќна во канцеларијата, се чувствував како да побегнав од себе – откри еднаш младата актерка.
Таа нагласи дека во сè има голема поддршка од мајка ѝ.
- Се сетив како се чувствував кога бев мала и сфатив дека сакам да глумам. Ѝ кажав на мајка ми дека морам да го сторам тоа, а таа целосно ме поддржа, ми рече дека треба да бидам јас – заклучи Тара.
Освен што има голем актерски талент, таа е многу надарена кога е музиката во прашање. Медиумите ја забележаа уште во 2013-та година, кога во Народното собрание на Србија доби специјална награда од Спортската федерација на Србија во име на нејзиниот дедо.
Извор: glossy.espreso.co.rs