Завршила со десетка: Наташа Беквалац се запишала на факултет поради овој човек
Иако повеќе од 20 години се занимава со музика, Наташа Беквалац завршила факултет за сосема друга професија...
Музичката ѕвезда Наташа Беквалац е на самиот врв на сцената повеќе од 20 години, а ретко кој знае што е таа по образование. Беквалац со музика почнала да се занимава во раното детство, а досега не откриваше кој факултет го има завршено.
И покрај интересот за музика, Наташа одбрала факултет за сосема друга област. Таа со висок просек завршила факултет за спортски тренер.
Како што пишува „Hello!“, љубовта кон спортот ја наследила од својот татко, познатиот фудбалски експерт Драгољуб Беквалац. Како што раскажа пејачката, поради него се запишала и одлучила да го стидира токму ова.
„Беше многу убаво кога дипломирав со десетка. Тој момент добив желба да продолжам со школување“.
Дали себе може да се види во улога на фудбалски тренер, и како во паузите помеѓу двете полувремиња во соблекувалната им објаснува на фудбалерите како да играат, пејачката одговори:
„Не,, но се гледам себе во некој убав фитнес центар како им помагам на луѓето да ја одржат формата или да добијат витка линија. Тоа е она што во иднина сакам да го работам. Одличен теоретичар сум, но лош практичар. Знам да им зборувам на другите за предностите на здравиот начин на живот, но јас живеам кампањски, неродовно се хранам. Се случува да изгубам по 10 килограм за 20-тина дена“ - искрена беше Беквалац.
фото: Принтскрин / Инстаграм