Желбата посилна од болката: Мама Сара Мејс и Илина со нови фризури во Египет
Познатата двојка, водителот Димитар Атанасовски и пејачката Сара Мејс заедно со ќеркичката Илина моментално уживаат на најпознатото летувалиште во Египет, Хургада, насладувајќи се на убавините кои ги нуди Црвеното море кое е познато по спектакуларните корални гребени на кои не останаа рамнодушни ниту пејачката и харфистка и нејзиниот сопруг.
Од таму тие секојдневно објавуваат фотографии и видеа, споделувајќи со своите следбеници нивните авантури, но особено внимание привлече последната објава на пејачката.
Имено, таа и нејзината ќеркичка сега имаат нови фризури, поточно ја имаат фризурата на која никогаш нема да ѝ помине модата - ситните плетенчиња. Оваа трансформација мајката и ќерката ја направија по желба на малата Илина, која поради големата желба не пуштила глас додека ја плетеле.
„Боже, ако можам да објаснам колку ја сакам, јас Сара да не се викам. Ни пека два дена сакам плетенки исто како на девојчињата. И добро одиме, седнуваме да нѐ плетат, јас во меѓувреме се туфкам пошто мене ме боли и не знам како и дали ќе издржи она. Значи ѝ течеше солза од окото од што ја болеше и не пушти глас…. Е, тоа ти е #желба.“ - напиша мама Сара, покрај фотографиите на кои позираат со новите фризури.