Зелената повеќе не е хит: Кои бои ќе ги носиме во остатокот од годината? (ФОТО)
Една од овие сигурно ќе ти се допадне!
Иако летото е речиси завршено, а шарената есен е пред нас, овие бои особено ќе доминираат во тој период. Но, добро е што можат да почнат сега и кога ќе заврши летото.
Ако ги сакате боите, тогаш мора да знаете кои ќе се носат по летото! Ќе се носи апсолутно во сите комбинации, модни додатоци, чевли и сѐ останато! Тие се весели бои, но повторно малку потемни и постудени бидејќи се прилагодени на постуденото време кое ни доаѓа. Станува збор за белата, која е боја за сите временски услови со која не можете да погрешите, кралско сината, тегет, розовата, потемно жолта и вообичаената црна боја.
Покрај овие, се издвојува еден различен модел, кои се блескави работи во златни, сребрени и розови тонови. Не во смисла на светки, туку блескави материјали кои ќе доминираат и ќе ја подигнат атмосферата за време на постуденото и помрачното време. Интересно е и тоа што сите овие бои се претежно компатибилни, па може да се комбинираат заедно.
Но, секоја од овие бои изгледа одлично и самата по себе, а тоа се однесува на комбинациите во кои преовладува токму една од овие бои. Не само што ќе се носат во остатокот од годината, туку оние кои се потопли и посветли можеш да ги носиш и сега, без оглед на тоа што летото уште не е завршено.
фото: Принтскрин / Инстаграм