Жељко Јоксимовиќ објави фотографии од децата кои ги доби со Јована: Пејачот сподели интимни моменти (ФОТО)
„Магично зајдисонце“ - напиша тој во описот на една објава...
Познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ скоро две децении ужива во хармоничниот брак со водителката Јована Јоксимовиќ, со која доби три деца, а сега на социјалните мрежи објави ретка фотографија од своите наследници.
Композиторот ги фотографирал своите деца како воодушевено ја гледаат идиличната глетка околу себе и тоа го сподели со своите следбеници.
Јоксимовиќ почувствува потреба на сите да им покаже што забележал, а обожавателите беа воодушевени од овој потег.
„Магично зајдисонце“ - напиша тој во описот на првата објавата.
„Без филтер“ - не можеше да издржи, а да не истакне.
Жељко од првиот брак со Весна ја има ќерката Мина, додека од брачната заедница со Јована ги има синот Коста и наследничките Срна и Ана.
фото: Принтскрин / Инстаграм