Зендаја ги изненади обожавателите на фестивалот: Излезе на сцената и ги изведе музичките хитови од „Еуфорија“ (ВИДЕО)

Зендаја ги изненади обожавателите на фестивалот: Излезе на сцената и ги изведе музичките хитови од „Еуфорија“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Никој не можел ни да сонува, дека и таа ќе настапи на „Coachella“...

Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ ги изненади посетителите на музичкиот фестивал „Coachella“, кој секоја година традиционално се одржува во април.

Зендаја се качи на сцената во текот на настапот на Тимоти Ли Мекензи, попознат како Лабринт. Со оглед на тоа што нејзиното име не беше наведено никаде на списокот со музички изведувачи, тајната гостинка ја доведе публиката во транс состојба.

Ја испеа песната „I'm tired“, односно „soundtrack“-от за втората сезона на „Еуфорија“, а потоа заедно со Лабринт, ја изведе „All for Us“.


За настапот на „Coachella“, Зендаја носеше краток розов фустан, кој го надополни со високи црни чизми на врзување. Изгледаше многу „кул“ во „country“ стил.

Како што пишуваат американските медиуми, ова е првпат по 7 години да ја чуеме и видиме Зендаја како настапува на сцената, а судејќи според овациите кои ги предизвика кај публиката, би требало да го прави тоа малку почесто.

По настапот Зендаја му се заблагодари на Лабринт што ја повика и ѝ го овозможи „најубавиот простор за повторно појавување на сцена“.

„Срцето ми е толку преплавено шот не можам доволно да ви се заблагодарам за љубовта која ја примив вечерва, сите мои грижи исчезнаа. Толку сум благодарна“ - преку стори на Инстаграм Зендаја ѝ се заблагодари на публиката.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: