Ѕирнете во домот на супермоделот: Како живее Бела Хадид?

Ѕирнете во домот на супермоделот: Како живее Бела Хадид?

Објавена во: Мода // Moj стил

Бела Хадид, еден од најуспешните модели на својата генерација, со лице кое е изразено и неповторливо, бара нов дом во Њујорк...

Како една од најпопуларните девојки на светот, Бела воодушевува со својот стил, став и успех, негувајќи го начинот на живот на кој многумина ѝ завидуваат. Пред две години, Бела си купи стан на Менхетен, кој е олицетворение на елеганциајта.

Иако поголемиот дел од карантинот поради коронавирусот го помина на семејниот ранч во Пенсилванија со својата сестра Џиџи, Бела си го задржа својот дом во градот поради деловните обврски. Сепак, денес, таа сака да ја промени својата адреса на живеење. Овој стан што го купи во 2019 година, сега сака да го продаде за три милиони долари.

Станот е 203 квадратни метри, се наоѓа во срцето Сохо, има две спални соби, две бањи, приватна тераса, специјално осветлување и вградени плакари. Неутралните тонови и дрвените површини преовладуваат, а станот изобилива со удобност и комфорт, повикувајќи ве да го промените темпото на живеење и да уживате во секој момент кој ви се нуди.

Фотографиите од домот на Бела, може да ги погледнете во продолжение:


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: