Живеам лажен живот: Камила Кабелјо откри детали за борбата со анксиозноста

Живеам лажен живот: Камила Кабелјо откри детали за борбата со анксиозноста

Објавена во: Совети // Семејство

Дека познатите личности се борат со разни проблеми, одамна веќе не е табу тема, а со своите искуства се почесто покажуваат дека можат да им помогнат на обожавателите кои поминуваат низ слични ситуации.

Неодамна и Камила Кабелјо си ја отвори душата.

Младата ѕвезда во колумната за „Wall Street Journal“ откри досега непознати детали за борбата со анкциозноста, но и опсесивно - комплусивното пореметување.

„Плачев во автомобилот и разговарав со мајка ми за тоа колку ме мачи анкциозноста и опсесивно - комплусивното пореметување.“ - започна Камила.

„Во хотелската соба читав книги за своето пореметување, бидејќи очајнички барав утеха и олеснување. Цело време имав страшно чувство, кое ми отежнуваше сè.“ - призна пејачката.

Камила откри дека долго се срамела од оваа состојба и дека одбивала да зборува, но и да побара помош.

„Се срамев од својата состојба и одбивав да зброува за неа, бидејќи сакав да оставам впечаток на силна жена.“ - објасни.

„Мојот живот на социјалните мрежи не е мојот вистински живот. Зад блескавите настапи и луксузниот живот се криеше една голема тајна, но не сакав луѓето кои веруваат во мене и моите способности да помислат дека сум слаба.“ - додаде таа, откривајќи дека сега е подобро.

„Анкциозноста беше ранлива и ми го одземаше животот, хуморот, креативноста, радоста, доверба во самите себе и другите работи. Знам дека таа само сака да ме заштити, но и да и дадам само многу внимание. И сигурно е дека повеќе не и дозволувам наместо мене да носи одлуки.“ - заклучи Камила.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: