Живеела како бездомник и пробала да се убие: Денес е една од најбараните актерки
Холивудската дива Хали Бери денес е една од најплатените актерки на светот, но животот на оваа ѕвезда не бил нималку лесен и едноставен. Ги поминала скоро сите фази во животот, па така од бездомник стигнала до самиот врв на Холивуд, благодарејќи на талентот и убавината кои ги поседува.
Пред да стане Оскаровка, актерката откри дека некое време морала да помине во прифатилиштето за бездомници додека пробувала да се пробие до холивудскиот трон.
„Почетокот беше многу тежок, со само 21 година се преселив во Њујорк и таму ја започнала својата кариера. Кога ги земав своите први пари од моделингот помислив: 'Тоа е тоа, имам малку пари'. Првите три месеци од мојот живот во Њујорк имав пари, меѓутоа подоцна останав без пари и бев принудена да ја повикам мајка ми и да ја замолам да ми испрати пари и да ми помогне. На сето тоа, таа ми одговори со НЕ“ - раскажа за магазинот „People“ познатата актерка.
По неколкуте мали улоги во телевизиските серии, нејзиното прво значајно појавување и се случило во комедијата „Бумеранг“ во која партнер и беше Еди Марфи. Од ова остварување Хали играше уште во неколку остварувања во кои успее да го привлече вниманието кон себе. Таа за улогата во филмот „Ви ја претставуваме Дорти Дендриџ“ е наградена со Еми и Златен глобус, а за улогата во филмот „Бал на монструми“ ја доби престижната награда „Оскар“.
Додека на деловно поле редеше само успеси, во љубовта немаше толку среќа. Хали се мажеше 4 пати, а по првиот развод од тогашниот сопруг Дејвид Џастин проба и да се убие.