Животот во замок не е лесен: Меган живее во Лондонската кула, а ова се бизарните правила кои мора да ги почитува

Животот во замок не е лесен: Меган живее во Лондонската кула, а ова се бизарните правила кои мора да ги почитува

Објавена во: Мода // Moj стил

Меган мора да се придржува до правилата, вклучително и забраната за достава на храна, и секогаш кога ќе сака да го напушти својот дом, мора да побара дозвола од обезбедувањето

Иако многумина сметаат дека Лондонската кула е неизбежна туристичка атракција при посетата на главниот град на Велика Британија, за некои, како студентката Меган Клејсон, таа е дом.

Кога Меган ги започна своите студии, таа реши да се пресели кај нејзиниот татко Крис, кој живее во оваа зграда од 13 век со неколку други луѓе. Тој и неговите соседи работат на одржување на замокот, но живеат во него со своите семејства. 

Иако можеби мислевте дека животот во овој замок, кој е еден од симболите, не само на Лондон, туку и на цела Велика Британија, е возбудлив, не е баш така.

Меган мора да се придржува до правилата, вклучително и забраната за достава на храна, и секогаш кога ќе сака да го напушти својот дом, мора да побара дозвола од обезбедувањето.


- Татко ми работи во Лондонската кула веќе неколку години. Кога дојдов да студирам во Лондон, сфатив дека е подобро да се преселам кај татко ми и да живеам со него, отколку да плаќам за стан сама. Тука сум од минатата година, ми требаше многу време да се навикнам на новите правила - изјави Меган.

Друга работа од која Меган делумно се откажа е нејзината приватност. Во секое време, обезбедувањето има увид каде се движи, кога доаѓа или оди, и ако сака да покани пријател или член на семејство да ја посети, мора да побара специјална дозвола.

Сите семејства се сместени во една од кулите на овој прекрасен замок на бреговите на Темза.

- Овде живеат околу 40 семејства. Кулата е многу висока, така што скоро секое семејство што има стан тука се чувствува како да има свој кат, јас живеам на последниот - вели таа.


Таа додава дека и требало многу време да се навикне да живее тука.

- Ми се случи луѓето да ме сликаат додека седам на балконот и уживав да гледам во Темза, мислејќи дека сум дел од туристичка атракција - се присетува таа, пишува Мирор. 

Иако понекогаш е тешко, особено ако сте млада девојка која сака да излегува и да се дружи, Меган вели дека се чувствува привилегирано затоа што живее таму.

- Чувството кога некому ќе му кажам дека живеам во замок е од непроценливо значење. Не секој има можност да го доживее тоа - вели Меган.


Фото: Инстаграм/ meganambxr


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: