Златан Ибрахимовиќ го сруши Интернетот: За 17 часа неговото видео на ТикТок го погледнале повеќе од 6 милиони луѓе (ВИДЕО)
Златан Ибрахимовиќч пред неколку дена наполни 41 година и изгледа како одамна да сфатил дека нема нешто што тој не може да го направи...
Златан Ибрахиновиќ пред неколку дена отвори профил на ТикТок и за само 17 часа неговото видео го имаа погледнато повеќе од 6 милиони корисници. Видеото трае 45 секунди и почнува со пораката на Златан: „ТикТок, Златан е тука“.
„Ароганција во тело на Аполон“ - коментарите се поврзани со овој шведски фудбалер кој доминира на светската сцена на повеќе полиња.
Иако ги „мина“ најдобрите години за еден фудбалер, Златан тврди дека ќе игра додека не одлучи дека е крај, а неговата личност одамна ги надмина фудбалските терени. Овој љубител на брзи спортски автомобили и тетоважи, од кои некои се посветени, како што вели, на луѓето кои страдаат од глад во светот им е одличен шоумен. Така, тој ги забавуваше водителите во телевизиските емисии во САД, глумеше во фимот „Asterix and Obelix: The Middle Kingdom“, стана заштитно лице на модниот бренд „Dsquared2“, а незаборавно е и неговото појавување во Санремо, каде на стиховите од песната „Јутро је“, се појави на сцената во улога на водител.
Покрај одличната кареира, Златан е успешен дури и во љубовниот живот. Велат дека токму неговата сопруга е позгодна од сите негови љубовници. Но, изгледа дека само Златан може да се ожени со 11 години постара и многу успешна и бпгата жена, а во исто време да има безброј љубовници.
„Сѐ што ви се случило во животот требало да се случи. Тоа е вашата судбина. Ми беше судено да имам ваков живот и не можам да жалам за тоа“ - кажа во една прилика Златан.
Златан и Хелена имаат два сина - 16-годишниот Максимилијан и 14-годишниот Винсент.
фото: Принтскрин / ТикТок