Златни глобуси 2021: Познатите ја бојкотираа церемонијата, наградите се доделени
Во Соединетите Американски Држави вчера беше одржано доделувањето на филмските и ТВ награди Златни глобуси, по 79-ти пат, но овој пат без познати личности како презентери и без телевизиски пренос.
Холивудското здружение на странски новинари е на удар на филмските здруженија поради недостаток на расна различност, но и корупција во самата организација, поради што ниту една позната личност не се согласи да се појави на наградите.
По пишувањето на „Los Angeles Times“, беше откриено дека ХФПА не добила ниту еден нов „црнец“ веќе 20 години, по што здружението објави дека вовело реформи за подобрување на репрезентативноста и дека се обидува да ја смири контроверзноста. Во тоа не успеаја.
Сепак, наградите, вчера беа доделени, а ги доделуваа различни непрофитни организации, кои добија можност да ја покажат својата работа.
За најдобар актер беше прогласен Ох Јеонг од серијата „Squid Game“, додека Кејт Винслет доби награда за најдобра актерка во серијата „Mare of Easttown“.
И Били Ајлиш доби Златен глобус, за најдобра оригинална песна во филм, за филмот „No Time To Die“, која со брат ѝ Финеас ја напиша за истоимениот филм, последниот во низата филмови за Џејмс Бонд.
Congratulations to all of those nominated and all the 79th #GoldenGlobe winners!
— Golden Globe Awards (@goldenglobes) January 10, 2022
For a full list of our winners check out our website https://t.co/YNJdDhHQ7L pic.twitter.com/Wwoc0Rw4o1
фото: EPA