Златните славејчиња не го заборавија Влатче: „Недостигаш“ ќе ве расплаче
Четири членки на хорот „Златно славејче“ напишаа и отпејаа песна за Влатко Илиевски, пејачот и актер кој почина минатото лето, а десет години беше водител на фестивалот „Златно славејче“ .
Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска ја напишаа музиката и текстот за песната „Недостигаш“ и му ја посветија на нивниот омилен Влатче, за кој велат дека им бил идол и голем пријател.
Влатко беше омилен кај децата како водител на „Славејче“.