Злоупотребуваното момче за кое дозна цел свет доби улога во новиот „Mad Max“
Кваден Бејлс, момче кое беше жртва на насилство од врсници поради неговиот џуџест раст, доби улога во новото продолжение на „Лудиот Макс“. Оскаровецот Џорџ Милер му даде улога на сега 11-годишното момче во „Furiosa“, приквел на неговиот блокбастер „Mad Max: Fury Road“ од 2015-та година.
Милер откри во интервју за „Sydney Morning Herald Good Weekend“ дека вознемирувачкото видео споделено од мајката на Бејлс во февруари 2020-та година го натерало да му даде улога на момчето. Затоа го ангажирал за неговиот филм „Three Thousand Years of Longing“, каде глумел заедно со Идрис Елба и Тилда Свинтон.
„Помина одлично и за нас и за него. Тој заврши толку добра работа што доби мала улога во „Furiosa“, откри Милер.
Во вирално видео од 2020-та година, Бејлс неконтролирано плаче на задното седиште на автомобилот. Тогашниот деветгодишник низ солзи раскажува како сака да се самоубие поради психофизичкото насилство со кое се среќава секој ден на училиште.
Мајката на момчето, го објавила вознемирувачкото видео на социјалните мрежи во обид да го запре насилството.
„Ова е резултат на злоупотреба“, рече таа.
Видеото стана вирално, а илјадници луѓе, вклучително и ѕвезди како Хју Џекмен, јавно го поддржаа момчето кое живее во Австралија, на кое му беше дијагностицирана ахондроплазија-џуџестизам, нарушување на растот на коските поради кое има торзо со нормална големина и значително пократки екстремитети од просекот..
Извор: www.index.hr