Знак дека треба да ги вклучиш известувањата на мобилниот: Истражување покажа дека сме повеќе зависни од нив кога се исклучени
Секогаш сметаме дека е добро да биде исклучен звукот кога се известувањата во прашање...
Поголемиот дел од нас ги имаме исклучено звуците на мобилните телефони, за никој да не може да не вознемирува. Не само тоа, туку ги исклучиваме за на никој да не му се јавиме, бидејќи денес сите губат навика да разговараат на телефон , бидејќи бараат алтернатива во допишувањето.
Сите често зборуваат дека мораат да го исклучат звукот на своите мобилни телефон за да добијат мир и за никој да не ги вознемирува. Иако сите мислиме дека тоа е наједноставниот начин да се спасиме од обврските и пораките, сепак не е. Менгки Лиао е истражувач од Универзитетот во Пенсилванија, која спроведе истражување токму на тема исклучување на звукот на мобилните телефони и навиките кои доаѓаат со тоа. Сите мислиме дека на тој начин ќе избегаме од обврските, ќе поминуваме помалку време на мобилниот телефон и со самото тоа ќе го намалиме стресот, бидејќи никој нема да не вознемирува. Но, сепак, тоа не е така, а тоа го покажа и истражувањето: „Звукот на тишината: Ја намалува ли употребата на телефонот намалувањето на звукот на известувањата?“
Како што наведуваат резултатите, со исклучувањето на звукот на известувањата на мобилниот телефон, само уште повеќе сме поттикната почесто да го проверуваме телефонот, поради стравот дека некој во меѓувреме не побарал, ако е во прашање некоја итна ситуација. Поради тоа сме почесто на мобилните телефони, а тоа предизвикува уште поголем стрес и страв, бидејќи секогаш се плашиме од тој итен повик, доколку сме му навистина потребни на некој.
Исклучувањето на звукот на известувањата можеби и не е толку големо олеснување и бегство од обврските како што мислиме сите, бидеќи во потсвеста секогаш се плашиме од тоа дека сме му потребни на некој, па затоа подобро е да ни биде вклучен звукот на известувањата, па тогаш нема да се доведеме во ситуација да размислуваме за тоа дали сме добиле некој итен повик или порака која можеби сме ја пропуштиле.
фото: unsplash.com