Зошто е убаво да имаш постара сестра
Веројатно до сега милион пати ги имаш прочитано речениците:„ Да се има сестра, значи да се има најдобра пријателка до крајот на животот.“ или онаа „Другарките и другарите доаѓаат и си одат, но сестрата останува секогаш до тебе“. И тука веќе ја замислуваш твојата постара сестра како ти се прави паметна и како додека беше дете знеше да те „откачи“ и да не те земе со неа или за да те заштити да издаде нешто што не треба.
Колку и да негодуваш и да се препираш со неа сепак сетрата, особено, постарата е таа што постојано ќе се грижи за тебе и ќе те заштитува дури кога ќе имате по 80 години.
Еве неколку докази зошто е добро да се има постара сестра:
# Со неа можеш навистина да разговараш. Понекогаш е тешко да се зборува во мама и тато, а помладите сестри и браќа или другарите нема да ве сфатат. Затоа се тука постарите сестри.
# Постарата сестра ги научила твоите родители на многу нешта. Тие со неа направиле крупни грешки, ја извлекле поуката, па со вас знаат како треба. Тоа е баш убавко, нели?
# Понекогаш можеш да викаш на неа. Тоа не може да го правиш со твоите другарки и другари, можеби и можеш, но тие нема да ти бидат другари уште долго. Но, сестрата ќе ти прости и ќе те сака, па дури и ако ѝ викаш без причина.
# Можеш да ја емитиратш. Постарите сестри може да ги копираш, и тоа баш е супер. Таа веќе минала низ сѐ, низ кое поминуваш ти, така што треба само да побараш совет од неа.
# Секогаш ти го чува грбот. И секогаш е крај тебе за што и да ти треба.
# Таа е твојот гуру. Бидејќи веќе сѐ искусила пред тебе, може да ти даде фантастичен совет. Покрај тоа, бидејќи ти си дел од нејзиното семејство, знае како функционираат работите во твојот живот и искрено се грижи за тоа што ти се случува.