Зошто ги затвораме очите кога се бакнуваме?

Зошто ги затвораме очите кога се бакнуваме?

Објавена во: Boys and Girls, Наука

Сигурно барем еднаш досега сте се запрашале што се случува со вас, па ги затворате очите кога се бакнувате? Никаква наука не е во прашање, за тоа постои сосема логично објаснување.

Порано се сметало дека ги затвораме очите додека се бакнуваме, бидејќи е тешко да гледаме кога нешто ни е толку блиску, како лицето на партнерот, но истражувањето на психологот од лондоскиот универзитет Royal Holloway покажа дека всушност станува збор за неможност на мозокот да врши повеќе работи одеднаш. Имено, додека се бакнуваме, мозокот не може истовремено да ги процесира визуелните податоци и чувството за бакнување. Затоа инстиктивно ги затвораме очите за да се фокусираме на она што во тој момент ни е најважно.

Не се надевавте на ваквото објаснување, признајте. Силината на емоцијата нема никаква врска со тоа и затоа не лутете му се на партнерот кој гледа за време на бакнвуањето, тоа е само знак дека сепак успеал да ја совлада вештината за завршување на повеќе работи одеднаш.

Објавена во: Boys and Girls, Наука

Можеби ќе ве интересира: