Зошто Јелена Карлеуша стана тема во светските медиуми?
Пејачката Јелена Карлеуша успеа да ги интригира и светските медиуми. Тие ја претставија како српска Мадона и Лејди Гага, а сè започна кога американските медиуми дојдоа до заклучок дека најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, ја копира балканската Јелена Карлеуша.
Имено, вниманието на американската јавност го привлекоа фотографиите на кои Јелена позира во комбинации на облека што подоцна на свој начин би ги носеше Ким Кардашијан. Имаше толку многу материјал, што секоја мисла дека е само случајност би била луда.
Американскиот магазин „US Weekly“ прв ја објави информацијата дека Ким Кардашијан наводно го украла стајлингот на Јелена Карлеуша, а тоа го направија и други странски медиуми.
На оваа тема пишуваше и познатото списание „Cosmopolitan“, кој на својот портал објави вест под наслов: „Оваа жена многу личи на Ким Кардашијан, нема да верувате на сопствените очи - и тврди дека Ким ја копира“.
Набргу потоа, магазинот „Elle“ го стори истото, и објави напис во своето онлајн издание, со наслов: „Оваа пооп - ѕвезда тврди дека Ким Кардашијан и го украла стилот“.
Потоа и британскиот „Daily Mail“ и посвети на Карлеуша напис со наслов: „Дали таа е крадец? Ким Кардашијан е обвинета за кражба на стилот на српската поп - ѕвезда Јелена Карлеуша“.
Потоа следеше порталот „Celebuzz“: „Оценете сами: Дали Ким Кардашијан го копираше стилот на оваа српска поп - ѕвезда?“
Потоа се појави на виделина дека и големата Бијонсе малку „крадела“ идеи од дивата.
Овој „случај“ стигна и до славната водителка Венди Вилијамс, која во својата емисија и оддаде почит на Јелена, која ја нарече српска Мадона и Лејди Гага, и ги прекори тимовите на светските sвезди.
Помпата што се крена околу Карлеуша во тој момент и ја донесе на пејачката титулата - светски позната модна икона.
Како што обично се случува во животот, една работа доведува до друга, па новинарите на најгледаната германска телевизија РТЛ се заинтересираа за српската пејачка и направија интервју со неа.
Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, имаше одлични моменти во кариерата додека играше во Турција. И на турската јавност не и недостасуваше неговата сопруга, која честопати ја објавуваа во весниците и ја нарекуваа „снаа“.
Прозорецот кон светот и го даде на Јелена Карлеуша социјалната мрежа Инстаграм, но и нејзиното долгогодишно искуство и знаење како да привлече внимание кон себе. Пејачката не сака да биде позната во светот само по своите аутфити, а неодамна во едно интервју истакна дека подготвува песни кои ќе бидат и за странскиот пазар.
Говорејќи за социјалните мрежи, не можеме да го изоставиме фактот дека американскиот раперка Лил Ким со ентузијазам сподели фотографија од Јелена Карлеуша во нејзината креација на својот Инстаграм профил.