Зошто луѓето мислат дека Селена Гомез ја има избричено главата?

Зошто луѓето мислат дека Селена Гомез ја има избричено главата?

Објавена во: Stars // Музика

Еден од трендовите за време на карантинот е луѓето да си ги бричат главите, на тој начин симболизирајќи некој нов почеток или затоа што со месеци не може да одат на фризер. Сепак, сите ги шокираше фотографијата на која ја гледаме Селена со избричена глава, а што предизвика вистински бум на Твитер.

Имено, во споменатата објава со текст „Селена Гомез го претстави својот нов изглед на Инстаграм стори“ има две фотографии. На едната гледаме многу коса на под, а на другата ја гледаме Селена како гордо ја покажува својата избричена глава. Овој твит за момент доби над 50.000 лајкови и многу ретвитови и коментари, што најдобро покажува дека сево ова се доживеа навистина сериозно. Како што пишува Yahoo, Селена поради тоа дури станала еден од водечките трендови на Гугл пребарувачот, бијдеќи сите се обидувале да дознаат нешто повеќе за тоа.


Сепак, откако изгуглале, сите можеле да дознаат дека станува збор за измама. Сопственикот на овој профил го сподели тоа набрзо, а изгледа дека беше изненаден што луѓето го сфатија толку сериозно. Со мало истражување, дознавме дека до оваа фотографија на која Селена е со избричена глава, е дојдено од нејзината фотографија од минатогодишниот Кански фестивал. Дополнителна забава веројатно произведоа вестите дека Селена ја има променето фризурата, но не со тоа што ја скратила драстично, туку бидејќи го има покажано својот природен изглед. Се е можно, но Селена и многу кратката коса никогаш не оделе знаедно, барем во нејзината досегашна долгогодишна кариера.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: