Зошто не треба често да му кажувате на парнерот „Те сакам“!
Нема ништо погрешно во искажувањето на емоции, но експертите предупредуваат дека сепак треба да се биде внимателен.
Експертите за говорот на телото и однесувањето во друштво открија дека кога премногу често ги користиме зборовите „Те сакам“ се изложуваме себе и нашиот однос на ризик.
„Сметам дека луѓето пречесто го користат зборот „Те сакам“. Тоа стана реченица која многу лесно се изговара, што донекаде е во ред. Таа изјава прави целиот свет да се чувствува прекрасно, но може и да ве доведе во некоја поладна ситуација со личноста во која сте навистина заљубени. Често сте биле во врски во кои сте им кажувале на партнерите дека ги сакате и сега не знаете дали тоа што го чувствувате е љубов или не“ - кажува Џуди Џејмс, експер за говор на тело.
Не само зборот „љубов“ се користи премногу често, има и многу други изрази кои исто така може да бидат на исто рамниште. Тоа е проблем кај емоциите и нивната претерана експресија и покажување. До заситеност на овие емоции и претерана употреба на овие зборови можеме да видиме и од многу реални шоуа, каде што учесниците се заљубуваат едни во други во рок од ден или два, па со тоа и изјавите на љубов ја немат онаа вообичаена сила и милина“ - пренесува DailyStar.
„Зборовите и говорот на телото ја изразуваат емоцијата пред да ја почувствува оној што ја покажува, а тогаш работите секогаш одат во обратен правец“ - додава Џуди.