Зошто никогаш не треба да ја фрлаш водата од оризот?
Водата од оризот од неодамна е вистински хит кога е убавината во прашање, а за тоа постои могу добра причина. Имено, жените во Јапонија многу одамна ја користат водата од оризот за нега на косата која благодарејќи на неа побрзо расте и станува здрава и мека. Освен косата, оризовата вода е извонредна и за нега на кожата, помага и кај некои други здравствени проблеми.
Зошто да трошиме многу пари на разни производи за убавина, кога постојат и ефтини, а здрави. Оризовата вода е ново оружје за убавината - а се што ти треба за неа се тенџере, вода и ориз. Погледнете какви благодети нуди овој едноставен рецепт.
# Оризовата вода ја негува косата
Азијатките ја користат оризовата вода за перење на своите коси. За ова мора да ја оставиш оризовата вода да отстои еден ден или два. За тоа време расте киселината и се развиваат антиоксидантите и минералите, а тие ќе го поттикнат растењето на твојата коса.
# Оризовата вода помага кај гастритичните и цревни проблеми
За надуеност и пролив помага само една шоља оризова вода. Имено, таа вода содржи скроб кој помага при изградување на здрава цревна флора и ја штити слузницата.
# Оризовата вода помага и за акни
Наутро и навечер на памук стави оризова вода и нежно помини ги местата каде што имаш акни. Флорната киселина која ја содржи оризовата вода делува антиинфламаторно и смирувачки.
# Оризовата вода помага кај мамурлакот
Следниот пат кога ќе се разбудиш со мамурлак, едноставно испи една чаша оризова вода. Тоа ќе ти помогне повторно да се врамнотежи кочината на сол во организмот.