Зошто сапунот и водата најдобро делуваат во борба против коронавирусот и другите болести?
Еве како оваа едноставна комбинација успева во уништувањето на микробите...
Без оглед на тоа што веројатно сте уморни од миењето раце, не треба да се откажете од тоа. Светот се потпира на секој од нас дека ќе продолжи да го прави тоа во борбата против коронавирусот. Додека ги миете рацете, ги убивате и другите бактерии и потенцијални вируси.
А, како толку едноставни работи како што се сапунот и топлата вода и средствата за дезинфекција на база на алкохол ги убиваат овие паразите?
Што прават сапунот и топлата вода?
Под микроскоп коронавирусите се прекриени со шилести израстоци, па изгледаат како круна. Под круната е надворешниот слој на вирусот, кој се состои од липиди, кои често ги нарекуваме масти.
Сега сетете се како изгледа кога ги миете мрсните садови само со вода. Кога ќе го пробате тоа, мастите остануваат на садовите и потребен ви е детергент со кој маснотијата ќе се растопи, во што сапунот и алкохолот се многу ефективни.
Така со миењето на раццете го уништуваме надворешниот слој на вирусот, со што го деактивираме, па повеќе не може да навлезе во човековите ќелии.
Молекулите на сапунот изгледаат како ситни сперматозоиди, со глава и опашка. Главата се поврзува со водата при миењето, но опашката ја одвраќа, затоа што е посоодветна за масло и маснотии. Обидувајќи се да избега од водата, опашката на сапунот делува на надворешниот слој на вирусот и се обидува да го пробие, а кога ќе успее, нејзината внатрешност се излева во водата со сапуница и умира.
Водата и триењето на рацете се многу важни во овој процес, бидејќи оваа комбинација прави повеќе пена која не дозволува на бактериите, вирусите и другите микроби да се задржуваат на површината на рацете. Затоа треба да ги миете рацете со сапун и да ги триете сите делови, вклучувајќи го и просторот меѓу ноктите, а сето тоа треба да трае најмалку 20 секунди.
Кога ги миете рацете, сите тие микроби кои биле повредени, заробени и убиени заминуваат со водата.
„Сите меури и пена ги мијат микробите и со себе ги носат низ цевките“ - вели докторот Вилијам Шафнер, професор по превентивна медицина и инфективни болести на Медицинскиот факултет „Вандербилт“ во Нешвил.
Исто така и ладната вода е делотворна, но само доколку добро ги триете рацете за време на миењето и направите доволно сапуница, додека топлата вода е малку поефикасна.
Што прават средствата за дезинфекција на база на алкохол?
Средствата за дезинфекција на база на алкохол може да бидат ефикасни колку и сапуните, доколку се користат правилно.
„Мора да содржат барем 60% алкохол во себе, бијдеќи тој е оној кој ги убива вирусите. Освен тоа, треба да се користи во доволна количина, односно да се прекрие секој дел од раката, вклучувајќи го и просторот помеѓу прстите. Алкохолот има поинаква хемиска способност, тој помага во разбивањето на мемраните на микробите, но за да се постигне, мора да биде во директен контакт со вирусот“ - вели Шефнер.
Сепак, водата и сапунот се и понатаму малку подобро решение, бидејќи алкохолот ги убива микробите, но не ги отстранува, туку остануваат на кожата.
„Доколку некој користи средство за дезинфекција, па кивне во својата рака, слузта останува на неа, па е потребно многу повеќе алкохол за да се деактивираат вирусите и бактериите“ - вели Вилијамс, додавајќи дека поради тоа сапунот и водата се подобро решение.