„Зовем да ти чујем глас“ во ново руво: Антонија Шола го отпеа хитот од „Забранета љубов“
Пејачката Антонија Шола својот голем хит „Зовем да ти чујем глас“, кој го знаете од серијата „Забранета љубов“, го обработи за време на карантинот и со тоа ги воодушеви своите обожаватели.
Песната ја сними од својот дом, а музичарите кои ја следеа исто така свиреа секој од својот дом. Со ова сакаат малку да ги развеселат своите следбеници за време на карантинот, а во тоа секако успеаа.
Уживајте во новата изведна на „Зовем да ти чујем глас“.