Жртва на врсничко насилство: 15-годишно момче од Хрватска раскажа како завршило во Итна помош откако го претепале
Однесување за кое нема оправдување...
Врсничкото насилство не е непознато на Балканот, а ова е доказ колку може да ескалира ситуацијата ако ништо не се преземе. Леон од Хрватска раскажа што му се случило на него.
За викенд група насилници го претепале 15-годишниот Леон од Дуго Село, Хрватска, а целиот случај заврши во медиумите. Станува збор за насилници кои веќе некое време прават нереди во тоа место. Дури ниту сега, откако го претепале Леон без никаква причина, полицијата ги нема аупсено, иако има идеја кој се тие. За „ХРТ“, Леон раскажа што му се случило и ова е само доказ колку врсничкото насилство може да биде потренсо и да ескалира до тоа да стане кобно.
Сѐ започнало со закачање и прашања од типот „зошто има долга коса“ , „за кого навива“ и „дали е крстен“. Леон и неговите другари никој не закачале и се дружиле на игралиштето во училиште, а оваа екипа му пришла со очигледна причина - да направи неред. Откако се обидел да повика полиција, му го земале мобилниот телефон и го нападнале.
„Почнав да го вадам мобилниот и да го пишувам бројот на полиција, кога еден од еден нив, со бандана на главата се обиде да ми го земе мобилниот телефон од раце. Јас не му го дадов и потоа настапи првиот удар, по кој бев многу зашеметен и не се сеќавам на ништо повеќе, освен на уште неколку удари“.
Има сериозни повреди кај очите и вилицата, а како што вели: „За окото не е тешко, не требаше на да се шие. Вилицата ми се распука на два дела“ - раскажа тој за ХРТ.
Ако имаш долга коса или изгледаш малку поинаку, стануваш мета. За жал. Како што пишуваат хрватските медиуми, врсничкото насилство во Хрватска е во пораст. Тие податоци ги добиле од канцеларијата на правобранителот и тие бројки ги знаае по бројот на случаи кои се пријавени, а сигурно има и голем број кои не се пријавени. Таквото однеусвање нема оправдување ниту во овој, ниту во било кој друг случај.
фото: Принтскрин / ХРТ