Ѕвездата Бела Торн со измама заработи милион долари од фановите

Ѕвездата Бела Торн со измама заработи милион долари од фановите

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Бела Торн долго време привлекуваше внимание исклучиво со скандали и голи фотографии , па сега реши да направи пари и од тоа. 

Како и да е, начинот на кој таа го стори тоа наиде на осуда, затоа што се сведува на мамење на обожавателите кои и' даваат големи пари за да за возврат добијат нешто што веќе го виделе.

Имено, Бела создаде профил на страницата OnlyFans, што им овозможува на sвездите да објавуваат какви било видеа и фотографии таму. Се разбира, разликата во споредба со Инстаграм е во тоа што тука нема цензура. Тоа го прави OnlyFans веб-страница за возрасни, така што секој што ќе и' даде на Бела околу 15 евра за 30 дена членство, ќе има прилика да види разголена фотографија од Бела. 
Актерката и пејачка се пофали дека заработила луд милион долари уште првиот ден од претплатата, но оние што и дадоа пари сега веројатно се чувствуваат многу глупаво.

Според „ Дејли мејл“ , Бела навистина објавила провокативни слики во бикини и шорцеви, како и една во која јаде виршла. 
Сепак, работата е во тоа што публиката веќе можеше да го види сето тоа на Инстаграм.
Ако мислите дека тоа го запре бројот на претплатници таму, се лажете. Бела се приближува до бројката од 100.000 претплатници, а заработува дополнителни пари со барање совети! Оној што и' дава дополнителни пари има шанса таа да ја прочита неговата порака.

Таа, исто така, направи список на подароци што би сакала да ги добие, во кој има сè, од шампон до шолји за кафе. Бела сугерираше дека е на страницата за да собере финансии за нејзиниот следен филм. 
Дали воопшто ќе понуди каква било експлицитна содржина е големо прашање, бидејќи секако би се ширело како пожар на Интернет. Дури и за Бела, тоа би можело да биде премногу, но за поранешна sвезда на Дизни која има проблеми со дрога, ништо не е невозможно.

извор:famoza.net


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: