Ѕвездата е родена: Тинејџерката која на Олимписки игри собори три светски рекорди доаѓа од Русија
Вештината која ја покажа Камила Валиева ги воодушеви и судиите...
Ѕвездата е родена. Русинката, 15-годишната Камила Валиева постави три светски рекорди во уметничко лизгање на Олимписките игри.
Техниката, вештината и храброста кои ги покажа Камила ги воодушевија и судиите.
Прво во краткатапрограма, потоа во слободната, а потоа и со вкупниот резултат.
Во петокот ја достигна границата од 87,42 поени во кратката програма, а претходно најдобра беше нејзината сонародничка Алена Косторнаја со 85,45.
Just one word: WOW! Kamila Valieva takes the top spot in the Women at the ISU Grand Prix of Figure Skating Rostelecom Cup! #GPFigure #FigureSkating pic.twitter.com/P7IywH1ivQ
— ISU Figure Skating (@ISU_Figure) November 27, 2021
Во слободната програма таа ги воодушеви судиите, резултатот отиде на 185,29 поени, со што го собори сопствениот рекорд од 180,89.
Во збирот, таа достигна бројка од 272,71 поени, што беше нејзин трет соборен светски рекорд во ова натпреварување (претходниот најдобар резултат на сите времиња беше исто така нејзин - 265,08).
Kamila Valieva beats her own world record in the free skate and dominantly wins at the Rostelecom Cup!
— The Skating Times (@theskatingtimes) November 27, 2021
1. Kamila Valieva - 272.71
2. Elizaveta Tuktamysheva - 229.23
3. Maiia Khromykh - 219.69 pic.twitter.com/y79aMXvzXO
„Многу сум среќна поради четирискокот кој го изведов два пати и трискокот. Вториот скок не ми излезе најдобро, но ќе работам на него. Неверојатно е чувството на вашето прво сениорско натпреварување луѓето да зборуваат за вашиот настап. Тоа создава и мал притисок, но мислам дека можам да се носам со него“ - кажа ова преталентирано девојче.
Инаку, Камила Валиева е родена на 26 април 2006 година во Казан.
Два пати беше втора на Руското првенство, еднаш јуниорска шампионка во земјата и еднаш светска јуниорска шампионка.
фото: Инстаграм