Ѕвезди кои ги прифатија малите несовршености: Можеби немаат совршено рамни заби, но имаат прекрасна насмевка (ФОТО)
Убавината е во несовршеностите...
Поради животот под лупа и рефлекторите, познатите се справуваат со притисокот да бидат совршени, па многу од нив одат на разни корекции за да го постигнат тоа „совршенство“.
Најчесто прво на листата е избелувањето на забите кои најчесто се заменуваат со оние кои се рамни и бели, а некои од нив се толку сјајни што веднаш може да сфатите дека не се вистински.
Но, постојат и ѕвезди кои всушност немаат прави и сјајни заби, но сепак ја прифатиле својата мала несовршеност. Тие се смеат самоуверено пред камерите, па можеби никогаш не сте ни забележале дека нивната насмевка не е 100 проценти совршена.
Во продолжение ви составивме листа на ѕвезди кои ги задржиле своите заби од раѓање и кои нѐ учат дека убавината може да се најде и во несовршеностите.
# Зендаја
Планетарно познатата актерка нема баш совршено рамни заби, но сеедно, милиони луѓе ширум светот ја сакаат, бидејќи е прекрасна токму таква каква што е.
# Ченинг Тејтум
Покрај згодното лице, мускули и извајано тело, секоја чест ако сте забележале дека сите заби не сум се еднакви. Иако сигурно има пари за протеза или за навлаки за заби, Ченинг знае дека тоа би му претставувало проблем. Него, секако го обожаваат милиони жени ширум светот.
# Кира Најтли
Оваа актерка со неоспорен талент и со многу признанија со светот на актерството, има толку широка насмевка што никогаш не ни пречело што забите не ѝ се совршено рамни.
# Лара Стоун
Оваа холандска манекенка е позната по просторот помеѓу нејзините единици, благодарение на што многу девојки сакаа да имаат насмевка како нејзината.
# Ванеса Паради
Француската актерка и пејачка и поранешна сопруга на Џони Деп, е уште една позната личност која никогаш не се обидела да го пополни просторот помеѓу своите горни единици. Всушност, таа буквално го направи ова тренд.
# Кирстен Данст
Заедно со Том Круз и Бред Пит, Кирстен дебитираше во „Interview with the Vampire“ на само 12 години. Подоцна во една прилика изјави дека не морала да се шминка за да изгледа како вампир, а кога ја прашале зошто никогаш не ги поправила забите, таа посочи дека си ги обожава своите заби.
фото: Принтскрин / Инстаграм