Ѕвезди кои признаа дека се борат со анксиозност: Ниту познатите не се имуни на менталните болести
Не е срамота да се признае ова...
Тинејџерските години се тешки. Чувствуваш голем притисок поради успехот на училиште, размислуваш за државната матура, ќе успееш ли да се запишеш на факултетот кој го скааш, те мачи тоа што можеби не си прифатен/а од своите врсници и имаш уште 100 други проблеми.
Поради сето тоа во последно време се чувствуваш тешко, имаш чувство како да не можеш да дишеш и често плачеш. Пребаруваш на интернет и си поставуваш дијагноза анксиозност. Можеби ти е неудобно да зборуваш со некој за сето тоа или да побараш стручна помош. Но, запамети, не си единствен/а и не треба да се срамиш. Сите во животот порано или подоцна доживуваат некои стресни и напнати ситуации. Дека анксиозноста е нешто што за жал погодува сѐ повеќе луѓе и дека на неа не се имуни ниту богатите и познатите личности, доказ се овие ѕвезди кои проговорија јавно за својата борба.
# Кендал Џенер
Супермоделот и член на планетарно познатото семејство Кардшаијан, за време на гостувањето во шоуто „Good morning America“, објасни како изгледало нејзиното најлошо искуство со анксиозноста. Доживеала напад на паники, не можела да дише и побарала помош од мајка ѝ. Својата популарност ја искорисла и почнала да објавува видеа за својата борба со анксиозноста која трае веќе со години. Со овој потег можеби ги поттикна оние кои се соочуваат со истите проблем, да побараат стручна помош.
# Камила Кабелјо
Кубанско - американската пејачка исто така зборуваше за своето ментално здравје, признавајќи дека се бори со анксиозноста и опсесивно компулсивното пореметување. Аксиозноста толку ја погодила шот имала чувство дека нејзиниот ум цело време игра лоша игра против неа. Но, спасот го пронашла во медитацијата, вежбите за дишење и воведувањето на когнитивно-бихејвиоралната терапија.
# Зендаја
Една од најомилените актерки призна дека се бори со ниска самодоверба и срамежливост. По премиерата на серијата „Еуфорија“, Зендаја во едно интервју за магазинот „Elle“ откри како снимањето на серијата влијаело на нејзиното ментално здравје. Иако ја сака својата работа, таа истовремено ѝ е извор на стресови и тегобии. Зендаја ниту ден-денес ја нема исконтролирано својата анксиозност.
# Хејли Бибер
Оваа манекенка со вечери не можела да спие, додека водела битка со тегобиите. Самата вели дека општеството предолго молчело за анксиозноста и дека таа болест била пропратена со своевидна стигма. Хејли нашла помош во медитацијат аи соодветна терапија.
# Бела Хадид
Бела за ова проговори минатата година. Во објава на Инстаграм, сподели низа фотографии на кои плаче. Манекенката призна дека со анксиозноста и депресијата се борела уште во тинејџерскиот период, а потоа во раните 20-ти, состојбата само ѝ се влошила.
фото: Принтскрин / Инстаграм