Аки Рахимовски почива во Алејата на великаните: Место каде почиваат и најголемите хрватски личности

Аки Рахимовски почива во Алејата на великаните: Место каде почиваат и најголемите хрватски личности

Објавена во: Живот // Живот

Во Алејата на великаните на гробиштата Мирогиј во Загреб со семејството и пријателите беше погребан Александар Аки Рахимовски, пејач на популарната југословенска, хрватска и загрепска група „Парни ваљак“.

Него го придружуваа хитот на Род Стјуарт „Sailing“ и две негови омилени македонски песни.

Рахимовски ненадејно почина - срцето го изневери на 23 јануари во Ново Место, Словенија, каде што живее последните неколку години.

Љубителите на Рахимовски минатиот вторник се простија во Бунарот на животот пред загрепската ХНК, каде што прв положи цвеќе водачот на групата Хусеин Хасанефендиќ.

Инаку, во Алејата на великаните почиваат најголемите хрватски личности.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: