Како дете дознал дека татко му бил платен убиец, својата сопруга со години ја изневерувал со познати жени: Сè што не сте знаеле за Вуди Харелсон
Вуди Харелсон израснал во сиромаштија, бидејќи за него и неговите двајца браќа се грижела само мајка им, додека неговиот татко бил во затвор поради убиство.
Актерот е роден во Тексас. Има двајца браќа Џордан и Брет, кои се занимаваат со истата работа како и тој. Вуди израснал во сиромаштија, бидејќи него и браќата се грижела мајка им Дијана, која работела како секретарка.
Неговиот татко Чарлс во ретки моменти бил присутен во неговиот живот, а во 1974 година е осуде на доживотна затворска казна. Имено, Чарлс со задоволство работел како платен убиец и заработувал голема сума на пари за тоа.
„Имав 11 или 12 години кога го слушнав името на татко ми на радио. Тоа беше извештај од судењето. Се сеќавам дека помислив: „Невозможно е да постојат двајца Чарлс В. Харелсон. Ми текна, па тоа е мојот татко. Бев на училиште“ - откри еднаш Вуди.
Неговиот татко дури бил осомничен и за замешаност во убиството на американскиот претседател Џон Кенеди.
Родителите на актерот поради животот на неговиот татко се развеле кога тој имал 7 години. Вуди еднаш призна дека го посетил татко му во затвор, иако помеѓу нив постоен никаков однос.
„Родени сме на ист ден. А, постои поговорка во Јапонија дека доколку го делиш роденденот со татко ти, не си само како него, туку си негова реинкарнација. Секогаш ми беше чудно колку всушност личиме и колку ги правиме работите на ист начин“ - истакна Харелсон.
Актерот сакал да му помогне на својот татко и пред да почине во 2007 година. Потрошил милиони долари за да му овозможи ново судење. Но, не успеал во тоа и неговиот татко починал за време на служењето на затворската казна.
Вуди според своите изјави за пушењето марихуана и другите активности во јавноста остава впечаток на личност која води забавен живот, но всушност реалноста е многу поинаква.
Харелсон со сопругата, продуцентката Лаура Луис, со која се ожени во 2008 година, создаде дом на Хаваите. Сопружниците ги имаат ќерките Дени, Зое и МАкани, а се запознале на 18 години.
Имено, Лаура била личен асистент на ВУди, кој во неа се заљубил во 1986 година по само едногодишниот брак со Нанси Симон.
Не било сè така бајковито ниту во неговиот однос со Лаура.
Имено, Вуди постојано бил во друштво на други жени, иако го чекала дома со нивната ќерка Дени. Еднаш призна дека го понела популарноста и дека се однесува глупаво.
Поради неговите развратни забави, тој имаше и две куќи. Актерот живееше со Лаура во едната, а во другата имаше забави на кои присуствуваа холивудски старлети и стриптизети.
Вуди често ја изневеруваше сегашната сопруга, а имаше и афера со својата постара колешка Глен Клоуз.
Тие двајца се запознале додека таа, Вуди и Лаура глумеа во драмата „Brooklyn Laundry“ во мал театар во Лос Анџелес. Тие раскинаа во 1991 година по неколку месеци врска и останаа добри пријатели.
Сето ова не ја избрка Лаура која се грижеше за нивните ќерки додека тој се забавуваше и ја изневеруваше со други жени.
„Мислам дека не сум човек кој заслужува да споделува совети. Направив многу грешки, па мислам дека бев одличен пример за тоа што другите не треба да прават во животот. Се надевам дека тие ќе бидат попаметни од мене“ - рече Харелсон, кој се ожени со Лаура во 2008 година, по 22 години врска.
Инаку, Вуди е веган и на 24 години сфатил дека мора да ја смени исхраната поради проблеми со кожата на лицето. Отпрвин, тој се откажал од млечните производи, а потоа се префрлил само на сурова храна и се откажал од месото, бидејќи не се чувствувал добро додека го јадел.
Актерот еднаш го отвори Светското првенство во шах и привлече големо внимание. Имено, додека сакаше да направи потег, го собори кралот, што насмеа многумина.
Харелсон е познат и како активист за легализација на марихуаната, која често истакнува дека ја конзумира. Тој еднаш рече дека мора да запали џоинт за да издржи вечера со американскиот претседател Доналд Трамп.
фото: Profimedia