Ќерката на Дарко Димитров: Порасна во вистинска убавица (ФОТО)
Дарко Димитров е познат текстописец, композитор и музички продуцент. Тој стои зад голем број испеани хитови кај нас но и на Балканската сцена. Последен негов бум, е песната за Евровизија „Локо, локо“ која има негов печат, а со која се претставија претставничките на соседна Србија „Ураганките“. Песната е певлива, со летна нота, песна која лесно влегува во уво и која остави белег на Евровизиската сцена годинава.
Тој има соработувано со голем број познати имиња од музичката сцена. Многумина знаат како тој изгледа, бидејќи редовно оди на настани и секогаш е отворен кон јавноста. Но, дали знаете како изгледа неговата ќерка?
На социјалната мрежа Инстаграм пејачот и продуцент Роберт Билбилов сподели фотографија од Дарко и ќерка му Лара.
Во неодамнешното интервју за Женски магазин, Билбилов откри дека тој и Дарко, скоро секој ден се заедно.
- Со Дарко сме буквално скоро секој ден на линија, или возиме точаци заедно, или работиме музика... Нашата дружба не се промени од првиот ден кога се запознавме, имав 15 години кога прв пат отидов кај него во студио, уште тогаш ме прими како свое дете кој е рамен на него и ми ги отвори патиштата кон музиката и воопшто продуцирањето...
Фото: Инстаграм/Роберт Билбилов/Дарко Димитров