„Мама вели дека си болен“: Писмото на мало девојче до Дедо Мраз расплака многумина, ниту едно дете не го заслужува тоа (ФОТО)
Десетгодишно
девојче му напишало писмо на Дедо Мраз, но не му побарало подарок.
Добротворната организација „The Big Help Project“ од Кенсингтон на социјалните мрежи објави писмо од 10-годишно девојче по име Лили. Таа му напишалка на Дедо Мраз и расплака многумина кои кои го прчитаа. Девојчето го напишало следното:
"Драг Дедо Мраз, мама ми рече дека си болен оваа година и не можеш да дојдеш кај нас. Се надевам дека ќе оздравиш наскоро. Мислам дека тоа би го израдувало мојот брат! Те сакам Лили. (10 години). П.С. Ние бевме навистина добри“.
„Ниту едно дете не треба никогаш да мора да пишува вакво писмо. Едно од седум деца нема да добие подарок под елка овој Божиќ, а 24.000 деца во Ливерпул живеат во сиромаштија“, напиша добротворната организација и ги повика своите следбеници на социјалната мрежа да помогнат.
Фото:freepik