Маж истрча од кола и му го спаси животот на мало момче кое се гушеше: „Човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на животот!“

Маж истрча од кола и му го спаси животот на мало момче кое се гушеше: „Човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на животот!“

Објавена во: Совети // Семејство

Неверојатно видео од Србија на кое се гледа како маж од Обреновац во Србија му го спасува животот на момчето кое се гуше со брза реакција брзо се прошири на интернет и го воодушеви целиот регион.

Најблагодарна секако е мајката на едногодишното момче која се враќала од лекар во Обреновац, и која била избезумена кога му се слошило на детенцето наеднаш среде возење. Марко Драгичевиќ потоа истрчал од вториот автомобил и го зел малото момче кое престанало да дише.

Тој се обидел да го реанимира, во што успеал по вештачко дишење. Како што пренесува српски Блиц.рс, се огласил и дедото на момчето.

- Се најдобро, човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на мојот живот! Прекрасен човек и вистински херој - напиша Градимир В. во коментар на социјалните мрежи, а на бројните барања од граѓаните додаде дека на детенцето сега му е добро.

- Момчето е добро, слушнав од мајка му, се опоравува и нема никакви последици - потврди јунакот Марко, кој го спаси детето.

На видеото може да се види и како другите минувачи застанале и избезумено гледале што се случува, а благодарение на Марко се‘ се завршило добро.




Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: