На мобилните ќе добиеме нови 117 емотикони: Кои едвај чекаш да ги користиш?
Одлични се!
Најавено беше уште минатата година дека за време на оваа година мобилните телефони ќе добијат нови емотикони, а сега се подготвуваат дури 117 нови.
Креаторите на емотиконите сигурно постојано се затрупани со барања на луѓето околу тоа какви емотикони би сакале да имаат. Сите сакаат нешто свое, а емотиконите затоа постојано се надополнуваат со некои нови. Минатата година имаше неколку нови, а исто ќе биде и оваа година. Во следната тура која само што не дојде, на мобилните ќе се појават навистина „кул“ емотикони.
Now approved: 117 new emojis for 2020 #Emoji2020 https://t.co/SojQuXZvv6 pic.twitter.com/sHp7GDsSal
— Emojipedia (@Emojipedia) January 29, 2020
Сигурно сите нема да ти бидат во желба и за некои ќе мислиш дека се тотално бескорисни, но ова се емотиконите кои ни доаѓаат. Од друга страна, еден од оние кои го украде вниманието на луѓето, а уште не е пристигнат е оној со рака со стиснати прсти, симбол кој многумина го поврзуваат со Италијанците. Нема сомнеж дека ова ќе биде еден од најкористените. Ќе добиеме и нинџа емотикони, емотикон кој се смее, но истовремено и плаче, нови животни, храна... Освен потполно новите, доаѓаат и некои кои веќе ги користиме, само во малку поинаква верзија и со нови полови. Па така повеќе нема да има само маж во одело, туку и жена.
Со оглед на тоа дека минатата година беше навистина многу лоша кога се во прашање новите емотикони, сега се радуваме на овие.