Момче со големо срце: 12 годишниот Фарис продава овошје и зеленчук за да им помогне на своите болни родители
Иако има само 12 години, Фарис Фејзиќ од Завидовиќ секоја сабота доаѓа пред стадионот на Кошево во Сараево и таму продава овошје и зеленчук за да им помогне на своите болни родители. Имено, неговата мајка има рак, а татко му има кардиолошки проблеми, па Фарис на овој начин се обидува да им помогне да купат лекови.
Како што вели, продажбата оди добро. Тој им помага на своите родители во производството и бербата на овошје и зеленчук, а потоа на својот импровизиран штанд продава домати, краставици, компири, сливи, пиперки, пченка и кромид.
И покрај силното сонце, тој не се откажува. Погледнете го ова храбро момче во видеото подолу.
„Свежа роба“ им извикува на возачите на автомобили кои минуваат покрај него. Под чадорот што му дава што повеќе сенка и со шишиња вода, ова мало момче искрено им помага на родителите колку што може.
Судејќи според видеото објавено на Јутјуб, Сараевчани, но и возачите од другите градови со задоволство купуваат од малиот продавач на овошје и зеленчук.
<iframe width="560" height="315" src="https://www.youtube.com/embed/HTiBo9og37w?si=cZEBGgTZc3_WDfAd" title="YouTube video player" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture; web-share" referrerpolicy="strict-origin-when-cross-origin" allowfullscreen></iframe>