
СОНОТ СТАНА РЕАЛНОСТ: СОЊА МИРОТИЌ НА 57 ГОДИНИ СТАНА МАЈКА
По 22 години борба за потомство и осум спонтани абортуси, Соња и Марко Миротиќ од Црна Гора денес во прегратки ја имаат двомесечната ќерка Богдана. Сонот на 57 годишната Соња да стане мајка стана реалност благодарение на Центарот за ИВФ на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
„Пред сè сакам да се заблагодарам на вашата болница за срдечниот прием и љубезноста на секој од вас – од вработените на паркингот, медицинските сестри, ембриолозите и секако докторите. Најголема благодарност до нашиот и ваш доктор Младен Ристески и андрологот Ѓоко. Од првиот момент кога се запознавме со нив, внесоа во нас толку позитивна енергија и оптимизам. Ги следев сите совети на д-р Ристески, по спроведената терапија направивме ембриотрансфер и успеавме – го добивме нашиот долгоочекуван дар, нашата Богдана“, вели Соња.
Веста за овој голем успех беше пренесена од медиумите низ целиот регион, испраќајќи силна поддршка за паровите кои долги години се борат со желбата да станат родители. Оваа, но и многуте други успешни приказни, зборуваат дека вербата во успех не треба никогаш да ги напушти паровите кои ја водат истата борба.
ПР објава