Норт и Ким уживаат во печењето божиќни колачиња: Едни не им успеале, но тоа не ги обесхрабрило (ВИДОЕ)
Мајката и ќерката ги обзеде празниот дух, па се испробаа во за многумина омилената божиќна активност...
Со божиќните празници се поврзува и една традиција, а тоа е печењето на божиќни колачиња. Месењето и обработувањето на тестото, сечењето на ѕвезди и цветчиња со омилените калапи, потоа печењето и украсувањето знаат да бидат посебна уживанција.
А, колку забавно може да биде подготвувањето на божиќни колачиња, покажаа Норт и Ким на нивниот зеднички профил на ТикТок. Девојките објавија неколку видеа на кои се гледа колку се забавуваат и како ги има обзедено празничниот дух.
Мајката и ќерката најпрво подготвиле смеса за мафини, а потоа следувало и печење и украсување, а повеќе од очигледно е дека Норт не штедела на украсите за омилените колачиња на многумина.
@kimandnorth Christmas time
Let It Snow! Let It Snow! Let It Snow! - Dean Martin
„Божиќно време“ - стои во описот на видеото, додека во позадина се слуша песната „Let it Snow“ во изведба на Дин Мартин.
Но, сите кои барем еднаш се впуштиле во печењето колачи, знаат дека работите може да тргнат наопаку. Ким и Норт од тестото исекле разни ѕвездички, снегулки, ѕвончиња и останати божиќни мотиви. Но, потоа следувало неудобно изненадување и тоа кога ги извадил еколачињата од рерна - се изгубиле облиците, а исеченото тесто им се споило.
„Па добро, ние сакавме тоа да се случи“ - била нивната реакција.
Не се сомневаме во нивните вештини, изгледа дека девојките едноставно го имале погрешниот рецепт. Тој неуспешен случај, не ги обесхрабрил за уште еднаш да се обидат.
И добро е што не се откажале, бидејќи крајниот резултат бил фантастичен: божиќните колачиња излегле убави на око, а веруваме дека биле и вкусни.
фото: Принтскрин / ТикТок@kimandnorth Let It Snow! Let It Snow! Let It Snow! - Dean Martin