Во сендвич: 25 работи кои може да ги разберат само средните деца

Во сендвич: 25 работи кои може да ги разберат само средните деца

Објавена во: Совети // Семејство

Најстарите деца се посебни затоа што се први, а најмладите секогаш ќе бидат „бебиња“ во семејството. Но, и средните деца имаат некои предности кои им ги носи нивната единствена позиција.

# Ја следат веќе поставена временска рамка

За да се одржи „семејната правда“, средните деца не мора да се борат за некои пресвртници во нивните животи, како што е спиењето на пријател или шминкањето, бидејќи тоа ќе им биде дозволено „по природа на нештата“, секако кога ќе бидат на иста возраст како и нивните постари браќа и сестри.

# Можеби немаат свое име

Доколку сте средно дете, сигурно често ви се случило да ви зборуваат ти си помладиот брат/сестра на тој и тој. Средните деца понекогаш сакаат да имаат необични имиња, со кои би се истакнале и би го изградиле својот сопствен идентитет.

# Никогаш не сте имале своја соба

Не само што ја носите старата облека на вашиот брат или сестра, доколку семејството не живее во голема куќа, средните деца секогаш ја делат детската соба или со постарите или со помладите.

# Не мора да се грижат околу ситници

Подобро од било кој друг, средните деца знаат да ги одберат своите битки, затоа што родителите често се „глуви“ и не ги слушаат нивните аргументи, па мора да ги одбираат вистинските моменти за „напад“. Исто така, поради тоа имаат и опуштен став кон животот.

# Знаат дека се најмудри во семејството

Средните деца во семејството имаат единствена перспектива за во еден момент да бидат помлад брат или сестра, а во друг постар. Таквата перспектива може да биде многу корисна подоцна во животот.

# Средните деца заслужуваат значка - јуниор родител

Додека да се роди третото дете, мајката и таткото се многу уморни. Поради тоа често средното дете се грижи за бебето, а постарото се занимава со своите интереси.

# Имаат смисла за драма

Иако од раѓање мораат често да ја следат линијата на помал отпор, средните деца мораат да научат да бидат ислушани, кога навистина им е важно. Ова е причина зошто често развиваат чувство за драма, што е нивен механизам за да ги заинтересираат родителите за нивните проблеми.

# Средните деца се секогаш виновни

Иако често се бунтуваат за тоа дека никој во семејството не ги забележува, тоа не е случај кога се бара виновникот. Тогаш постарите и помладите браќа и сестри со прстот покажуваат кон средното дете.

# Знаат како да ја „обработат просторијата“

Бидејќи средните деца се ретко сами, тие добро се снаоѓаат во друштво. Оставете ги сами во соба полна со луѓе и ќ евидите дека ќе се справат без никаков проблем.

# Ги мразат стереотипите за средните деца

Поради многу серии и филмови во кои средните деца често се запоставени и осамени, луѓето мислат дека е така и во реалниот живот. Средните деца ги мразат ваквите стереотипи, бидејќи истите не секогаш се вистинити.

# Го немале притисокот како најстарото дете

Често родителите со првото дете не знаат секогаш што да прават. И сите свои надежи и желби ги насочуваат кон тоа битие кое дури и само се обидува да се снајде во животот. За среќа, средните деца немаат ваква тежина од очекувања на својот грб, а и родителите со нив се опуштени и сигурни во своите постапки, а таа самодоверба често се пренесува и на децата.

# Но, не им попуштале како на најмладите

Последното дете родителите често го разгалуваат, преуморни се за да бидат строги, а често и сакаат да го размазат бебето, бидејќи знаат дека тоа ќе им биде последна шанса. Поради тоа средните деца често потпаѓаат под исти правила и казни, како и најстарото дете, додека она најмладато често поминува лесно.

# Некогаш се чувствуваат како мува на ѕид

Средните деца никогаш не ја доживеале хиперфокусираноста на родителите како кон најстарите, а не добиле ниту екстра внимание како најмладите. Наместо тоа, средните деца често само ја гледале драмата која се одвива околу нив. Можеби тоа е причината поради која средните деца често се успешни писатели.

# Често нивните мали злодела поминуваат „под радарот“ 

Само затоа што вашите родители се помалку фокусирани на вас, не мора да е лошо. Ова им овозможува на средните деца да го истражуваат светот на свој начин и да ги избегнуваат неволјите, затоа што никој не ги забележува што прават.

# Мора да се потрудат за да добијат внимание

Иако е некогаш убаво да го немаш вниманието на родителите, средните деца исто така сакаат да бидат посебни по нешто и да се истакната. Поради тоа средните деца често пронаоѓаат начини како да бидат единствени и да имаат некој свој луд стил. 

# Често имаат истакната креативност

За да се истакнат, средните деца често мораат да направат нешто навистина посебно, а тоа ја поттикнува креативноста и ги учи да размислуваат „надвор од кутијата“.

# Независни се

Колку и да им „виселе“ родителите над глава на првите деца, толку средните деца ги оставаат на „мир“. Тоа е причината поради која средните деца често се многу независни и знаат многу добро да се грижат за себе.

# Имаат научено како да бидат миротворец

Поради постојаните тензии со постарите и помладите во семејството, средните деца рано учат како да преговараат и да прават компромиси. Тоа ги прави добри лидери и газди.

# Се држат до правдината

Поради тоа што во исто време се слаби пред постарите браќа/сестри и силни пред помладите, средните деца развиваат посебно чувство за правда кое им станува многу важно во животот. Тоа е и причината поради која често имаат развиена и силна емпатија.

# Даваат чувство на одговорност

Поради тоа чувство за правда, а и поради тоа што средните деца често можат да прават недозволени работи без никој да ги забележи, во семејството често ги доживуваат како одговорни.

# Имаат многу пријатели

Поради тоа што семејството често ги „занемаварува“, средни деца затоа имаат многу пријатели и лесно ги склопуваат истите. Ова помага да научат разни социјални вештини, како што се лојаноста и можноста да воспостават успешни врски.

# Некогаш имаат чувство како да не му се важни на никој

Иако средните деца често уживаат во слободата која ја добиваат, бидејќи родителите се занимаваат со постарите или помладите, потајно се прашуваат зошто имаат толку слободата. Поради тоа некогаш може да се чувствуваат запоставено.

# Знаат какво е чувството кога ќе те заменат

Средните деца, како и оние постарите, почувствувале шок кога во семејството се раѓа ново бебе, кое го „презема“ нивното место. И додека постарите го сочувале својот статус на првородени, на средните им останува да се навикнат на новонастанатата ситуација.

# Мислите дека ве прелажале за фотографиите од детството и облеката

И додека има милион фотографии од првото дете, средните деца во еден момент откриваат дека ги нема никаде во толку многу семејни фотографии. Ситуацијата станува уште полоша кога ќе дојде новото бебе, па родителите мислат дека ова им е последна шанса за да фотографираат, а потоа средните повторно се „дружат“. Исто е и со облеката, средните деца ја носат облеката од постарите, но додека да се родат најмалите таа е веќе износена, па тие ќе добијат нова. Неправда.

# Мораат да бидат флексибилни

Средните деца секогаш сакаат да се дружат со постарите, но од нив понекогаш се бара да ги чуваат помладите. Поради тоа средните деца се научени добро да се прилагодуваат на разни ситуации, што е секако добра особина за подоцна во животот, пишува Readers Digest.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: