10 факти кои секоја девојка треба да ги знае за своето тело

10 факти кои секоја девојка треба да ги знае за своето тело

Објавена во: Мода // Moj стил

# Секое тело е совршено

Не постои идеален тип на тело. Твоето тело е совршено токму такво какво што е. „Сите ние имаме поинакво тело. Твоето е преубаво, силно и пред сѐ - само твое. Фокусирај се на тоа што твоето тело може да го направи, а не како треба да изгледа“ - изјави фитнес инструкторката Сара Гејнс. Значи доколку си здрава, не треба да се грижиш за неговиот изглед.

# Ти треба повеќе сон

„Недостатокот на сон влијае на тоа како се чувствуваш, изгледаш и функционираш. Спиењето е клучно за обнова на умот и телот“ - вели физиологот Стив Орма. Секако, на сите ни се случило да останеме будни до изгрејсонце, бидејќи сме заборавилен да завршиме некое задолжение за на училиште или пак за да зборуваме цела ноќ со нашиот најдобар пријател, но тоа не значи дека секоја вечер треба да го одложуваш спиењето, бидејќи сакаш да изгледаш уште една епизода од твојата омилена серија.

# Вежбај поради здравјето, не поради изгледот

Вежбањето е секако клучно за раст и развој на здравото тело. Затоа не треба да вежбаш само кога немаш рамен стомак или затегнати мускули. Редовно трчај, пливај, играј или занимавај се со било која друга активност за да твоето тело биде поздраво.

# Сончањето е премногу штетно

Да знаеме, сите сакаме да го имаме оној прекрасен чоколаден тен за време на летото. Но, премногу време на сонце или уште полошо во солариум, претставува голем ризик за рак на кожа. Дали знаеш дека доколку редовно одиш на солариум ќе имаш дури 75% поголема шанса за да добиеш рак? Тоа не е воопшто наивно. А, освен тоа, сончевите зраци се лоши и за изгледот на кожата, бидејќи го убрзуваат процесот на стареење. Можеби ќе имаш тен на кој сите ќе се воодушевуваат, но набрзо ќе имаш и повеќе брчки од сите врсници. 

# Доколку си слаб не си здрав - или болен

Не можеш да го одредиш здравјето само од изгледот. Слабеењето е симптом на бројни болесни. Иако е голем бројот на девојки чија цел е за што пократок период да изгубат што е можно повеќе килограми, треба да знаеш дека со тоа сериозно му штетиш на здравјето.

# Вод, вода, вода и уште вода

За ова сигурно имаш слушнато милиони пати досега, но вреди да слушнеш уште еднаш, бидејќи е толку важно. Пиј што е можно повеќе вода во текот на денот. Цел треба да бидат околу 8 чаши дневно.

# Ментруалните болки не треба да те спречуваат

„Доколку поради менструалните болки мора да изостануваш од училиште, не си во можност да одиш и често ги откажуваш плановите, време е да ги следиш сите претходни симптоми кои ги имаш пред, за време и по ментруацијата и да поразговараш со гинеколог“ - вели Гупта, професор на Универзитет по медицини.

# Не постои правилен начин за отстранување на непосакуваните влакненца

Тоа се однесува на сите влакна на твоето тело. На тебе е да одлучиш кој метод на отстранување најмногу ти одговара. Доколку се одлучиш да не ги отстрануваш, тоа исто така е твоја одлука која можеш да ја донесеш било кога.

# Никогаш не го прескокнувај појадокот

Всушност, не прескокнувај ниту еден оброк, но никако појадокот. Тој ти го придвижува метаболизмот секое утро и ти дава сила за претстојниот ден. И нема изговор! Доколку се брзаш, изеди барем една јаболка или напиј се една чаша јогурт.

# Твојата вагина не е чудна

Сите се различни, затоа нема потреба да се грижиш за нејзиниот изглед. 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: