10 модни парчиња кои секоја девојка би требало да ги има во својот плакар

10 модни парчиња кои секоја девојка би требало да ги има во својот плакар

Објавена во: Мода // Moj стил

Сите ги имаме оние моменти кога наутро се подготвуваме за денот пред нас и кога ќе го отвориме плакарот, мразиме се што ќе видиме. За да ги избегнете ваквите моменти треба да се држите до многу едноставниот рецепт, а еве за кој станува збор.

Наш совет е во плакарот секогаш да ги имате оние основни парчиња за секогаш да можете да ги направите вашите стандардни комбинации кои се слатки, лесно се комбинираат и се за деновите кога немате инспирација да одговорите на добро познатото прашање „што да облечам денес?“.

Во продолжение е листата од модни парчиња кои секогаш би требало да бидат дел од вашата „модна колекција“, а кои и покрај најновите трендови, секогаш може да се носат.

# Обична бела маичка

Една од најкорисните работи кои може да ги имате. Удобна е, а како што одговара на патики и фармерки, така одговара и на кожено здолниште и високи потпетици.

# Тексас кошула

Совршено парче за повеќеслојни комбинации. Носете ја над слатките летни фустанчиња или со фармерки за да го добието оној „вајб“ од 90 - тите.

# Фармерки

Искинати, во боја, класични... на вас е да одберете. Важно е само да ви стојат како што сакате и да го претставуваат вашиот фазон.

# Црни хеланки

Удобни се исто колку и тренерките, но ви овозможуваат и многу различни комбинации.

# Слатки интересни патики

Забавниот пар патики не само што е клучен за една комбинација, туку можеш и да ги носиш секој ден и се доволни за да се освежи целиот „аутфит“.

# Балетанки

Еден пар удобни балетанки е must have. Никогаш нема да излезат од мода, а совршени се за замена на неудобните високи потпетици.

# Тексас јакна

Таа буквално одговара со се што носите, независно од стилот и настанот, а може да ја носите цела година. За свежите летни вечери, како „statement“ јакна или тренди слој во есен и зима.

# Чизми

Секогаш имаш чизми до зглобовите, односно чизми до глужд во црна боја кои ќе одговараат на се. Со мала штикла или рамни, тие секако ќе дадат нова димензија на вашиот изглед.

# Доминантно ланче

Во вашиот аутфит додадете впечатливо шарено ланче кое ќе ја води целата комбинација и нема да погрешите. Кога комбинацијата ви делува дека ви е здодевна, ова модно парче е вистинското решение.

# Мал црн фустан

Веќе сите имаме научено дека секоја девојка во својот плакар мора да има еден ваков фустан. Преку ден може да ја носите со со веќе споменатата тексас јакна и патики, а за ноќните настани одберете тренди чизми и доминантен накит. 

Што велите вие, што е она без што не можете да го замислите вашиот плакар?


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: