10 причини зошто твојот глас е важен и зошто „Не е до нив, до тебе е“
Во современото општество, гласачкото тело е основен столб во конструкцијата на демократска држава, затоа што секој глас е вреден, секој глас прави промена и учествува во крајната одлука. Иднината е во рацете на сите нас и заедно носиме одлуки за подобро утре.
Има премногу причини, зошто е важно секој од нас да го даде својот глас. Гласањето е твојата најважна граѓанска обврска и кога гласаш, ја заокружуваш идејата што се совпаѓа со твоето мислење, а твоето мислење е важно. Заокружи, бидејќи „Не е до нив, до тебе е“.
1.Не е до нив, до тебе е, затоа што со твојот глас го е твоето средство за изразување на твоите убедувања и очекувања и тоа го прави твојот глас уникатен и важен, бидејќи никој друг не може да го замени твоето мислење.
2.Не е до нив, до тебе е, ако не учествуваш во демократскиот процес. Секој глас е дел од демократскиот процес, твоја обврска е да бидеш свесен граѓанин и да го одбраниш достоинството на демократијата. Твојот глас има влијание врз изборот на претставници и на политичките одлуки.
3.Не е до нив, до тебе е, ако не ја искористиш твојата супер моќ - твоето право на глас. Гласањето те прави супер херој кој е пример за другите, затоа што знаеш како да ги заштитиш своите права. Гласај, искористи ја твојата моќ свесно и одговорно.
4.Не е до нив, до тебе е ако не влијаеш врз креирањето на јавните политики. Твојот глас прави разлика и за тебе, но и за останатите, затоа што има големо влијание во формирањето на јавните политики и програми кои се важни сите граѓани и кои одговараат на потребите на заедницата.
5.Не е до нив, до тебе е ако не учествуваш во борбата против неправда и дискриминација. Гласањето е единствениот начин со кој можеш да се избориш за општество, во кое нема неправда и дискриминација. Со твојот глас, секој од нас е чекор поблиску до еднаквност и рамноправност.
6.Не е до нив, до тебе е доколку не ги знаеш потребите на заедницата. Гласањето е начин да се поврзеш со заедницата, да дознаеш какви потреби и грижи имаат останатите, да го споделиш твоето искуство и заедно да го изберете најдоброто за сите.
7.Не е до нив, до тебе е ако не си инспирација за другите. Твојот глас, дефинитивно може да биде инспирација за и останатите да се вклучат во демократскиот процес. Твојот пример може да ги мотивира другите граѓани да го изразат нивниот став и да гласаат.
8.Не е до нив, до тебе е, ако не создадеш услови за подобра иднина. Твојот глас, ќе помогне во подобрување на условите и можностите за новите генерации. Со твојот глас, ќе учествуваш во процесот на создавање свесни и одговорни генерации.
9.Не е до нив, до тебе е ако не си доволно храбар да го кажеш твојот став. Твојот глас е твој став, охрабри ја својата одлука, заврти нова страна и биди храбар граѓанин, кој знае што сака. Гласај.
10.Не е до нив, до тебе е ако не застанеш гордо зад параванот, затоа што зад параван одиме кога одлучуваме, а не кога сме незадоволни. Искористи ја вистинската намена на параванот, тајно оствари го твоето право на глас и биди пример за јавноста.
Секој глас има еднаква моќ - да насочи, подобри, задржи или промени. „Не е до нив, до тебе е“, затоа што твојот глас има влијание, ГЛАСАЈ !
ПР објава