10 работи што девојките ги мразат кај момците!
Иако сите девојки сонуваат за „совршениот“ или „принцот од бајките“, факт е дека дури и принцот може да има некои од овие негативни карактеристики, од кои ќе ѝ се крене косата на секоја девојка.
# 1. Се однесуваат како деца од 10 години
Дури и кога ќе станат полнолетни, момците сѐ уште се однесуваат како да се заглавени во петто одделение. Факт е дека тие созреваат подоцна од девојките, па затоа не ни преостанува ништо друго освен да чекаме.
# 2. Никогаш не планираат
Иако тоа ни оди по нерви, тие никогаш не сакаат да прават планови со нас. Ние девојките сме тие кои секогаш треба да испланираме сѐ, бидејќи момците живеат од денес за утре, со празна агенда.
# 3. Често заборават работи кои нам ни се важниНие очекуваме да ни го запамтат роденденот, именденот, или ако ништо друго, барем годишнината, но за жал, нитуедно машко не сака да се замара со помнење важни датуми. Воопшто не е фер, ама ... типично за нив.
# 4. Меркаат други девојки
Нема машко кое ќе се воздржи да не ја погледне згодната типка која поминува покрај него и ние не можеме да направиме ништо друго, освен - да им се придружиме во таа игра. Па затоа, следен пат кога ќе здогледате мускулест дечко, не се чувствувајте должни да го тргнете погледот.
# 5. Не сфаќаат што значи да се има една девојка
На момците кои се во врска очигледно им е тешко да сфатат што значи да се има само една девојка. Не, не е океј да излегуваат и со други девојки ако се во врска со вас.
# 6. Многу често лажат
Знаат дека ќе бидат фатени, но нив не им е гајле. Не само што е иритирачки, туку е и безобразно, никој не сака лажговци.
# 7. Праќаат чудни сигналиНема девојка која не поминала најмалку десет бессони ноќи, пробувајќи да открие што мислел симпатијата во последната порака што ѝ ја пратил. Момците се многу чудни во таа фаза, еден ден сакаат да излезат со тебе, следниот им се допаднала друга девојка и сѐ така се вртите во круг.
# 8. Не сакаат да разговараат
Длабок разговор со некое момче може да имате еднаш месечно, ако имате среќа. Тие никогаш не се расположени за разговор, или тоа им е премногу досадно. Ретко кој од нив е отворен за комуникација, затоа девојки, ако на вашиот дечко не му смета да го реши проблемот преку разговор, тој е вистинскиот!
# 9. Љубоморни се на вашите другари
Малку љубомора не е на одмет, но ако вашето момче ви забранува да имате машки другари, секогаш ви чепка низ Фејсбук или Инста пораките - тоа не е во ред. Тоа значи дека тие немаат доверба во вас и сакаат да ви го контролираат животот.
# 10. Оставаат сѐ на вас
Вие сте тие што треба да направите сѐ, да бидете тука за нив, а кога на вас ќе ви треба помош - ги нема.