10 разлики помеѓу римејкот и цртаниот филм „Кралот лав“: Ги забележавте ли?

10 разлики помеѓу римејкот и цртаниот филм „Кралот лав“: Ги забележавте ли?

Објавена во: Stars // Филм

Римејкот на цртаниот филм на Дизни, „Кралот лав“ конечно го има во кината. Новиот филм во голема мера потсетува на класикот од 1994 година, но секако постојат неколку додатоци кои прават разлика помеѓу римејкот и цртаниот филм.

Но доколку сте еден од големите обожаватели на „Кралот лав“, секако ќе ги забележите промените. Издвоивме неколку разлики кои сигурно не ви побегнале.

# Рафики не го прегрнува Муфасу на почетокот на филмот, како ни Симба подоцна

Во римејкот на „Кралот лав“ Муфаса и неговиот пријател не се прегрнати. Рафики искажува почитување со ставање на раката помеѓу носот и очите на лавот.

# Сцената на Скар и глувчето на почетокот е продолжена

По песната „Вечниот круг“ почнуваат и двата филмови, следната сцена е посветена на малиот глушец, Ноби.

# Скар не го јаде Зазу

Во оригиналниот цртан, Скар пробува да ја изеде Зазу, бидејќи поради неа го губи од вид глушецот Ноби. Тој всушност пробува да го фати Зазу, но Мусафа стигнува до пештерата на време да го убеди својот брат да ја плукне птицата.

# Симба не го моли својот татко да се разбуди

Во цртанот Симба ги прави сите напори за го разбуди својот татко и да го натера да стане. Упорно го вика и влече за уши за да го натера да се разбуди. Во римејкот Муфаса брзо станува и му вели на својот син дека тој е идниот крал.

# Зазу не е свесен дека Симба ќе го фати

Во оригиналниот филм Зазу е свесна дека и се заканува опасност. Во новата верзија, Зазу нема поима дека тоа ќе се случи.

# Муви над лавовите

Римејкот на Дизни е направен толку добро што е обрнато внимание на најситните детали, за да изгледа пореално. Еден од деталите кој нема да ви побегне се мувите кои се околу лавовите и слетуваат на нив.

# Само една хиена остана иста, двете се поинакви

Трите хиени од оргиналниот цртан ги носат имињата Шензи, Банзаи и Ед. Во новиот филм може да ја видите само Шензи. Другите две хиени се интерпретација на оригиналните ликови, а сега се викаат Азизи и Камари.

# Кога Муфаса ги фаќа хиените, тие се преправаат како да не знаат кој е Симба

Во оригиналниот филм хиените тврдат дека не знаеле дека Симба е син на Муфаса. Јасно е дека лажат, што можеше да се види по реакцијата на Ед. Муфаса тогаш многу се лути. Во новиот филм, Шензи не крие дека свесно го бркала синот на кралот.

# Хиените не го почитуваат Скар

Во римејкот, Скар и хиените склопуваат договор со лавот, доколку му помогнат да го убие Муфаса. Во филмот е јасно дадено до знаење дека хиените и лавовите секогаш биле непријатели.

# Изменети се зборовите кои Скар ги упатува до Симба пред смртта на Муфаса

Додека Скар го остава Симба во долината каде што малиот лав вежбал, Скар му кажува на својот внук дека неговиот татко има изненадување за него. Во анимираниот филм Симба прашува дали ќе му се допадне изненадувањето, Скар вели: „Симба, таа е преубава за умирање“. Во римејкот Симба го прашува својот чичко дали Муфаса ќе биде горд штом ќе може да рика на вистинскиот начин. Скар одговора: „Тоа ќе биде подарок кој никогаш нема да го заборави“.


Извор: telegraf.rs

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: