10-та Симфонија на Бетовен е завршена од вештачка интелигенција
Една година по 250-от роденден на Лудвиг Ван Бетовен, неговата 10-та Симфонија, која е завршена со помош на вештачка интелигенција, ќе има премиера во Телеком Форумот во Бон. Краткиот аудио клип кој може да се слушне овде им овозможува на слушателите да го добијат првиот впечаток за завршената композиција.
Луѓето и машините работат рака под рака.
За да ја одбележи 250 годишнината од раѓањето на Бетовен, Дојче Телеком во пролетта 2019 година организираше тим од меѓународни музички експерти и експерти за вештачка интелигенција да ја довршат недовршената 10-та Симфонија на Бетовен со помош на вештачка интелигенција. Експериментот кој беше тема на дебата имаше за цел да одговори на прашањето - дали алгоритмите можат да бидат креативни и да ги заменат луѓето во уметноста.
Приказната за 10-та Симфонија
Кратко пред смртта, Бетовен започнал да работи на 10-та Симфонија, дело кое останало недовршено. Под водство на Др. Матијас Родер, Директор на Карајан институтот, група експерти за вештачка интелигенција и музиколози ја развија „Вештачката интелигенцијаБетовен“ која „го разбира“ стилот на овој славен композитор.
Вештачката интелигенција „работеше“ не само со композициите и белешките на Бетовен за 10-та Симфонија, туку и со дела на други композитори и музичари кои докажано го инспирирале и влијаеле врз Бетовен за време на неговиот живот, како на пример Јохан Себастијан Бах. Заедно со експертите, алгоритамот го продолжи последното негово недовршено дело. А композиторот Валтер Верцова, музичарите и нивниот диригент ги претворија овие ноти во жива композиција.
Искусете ја светската премиера во живо
Светската премиера на симфонијата ќе се одржи на 9 октомври во Телеком Форумот во Бон. Премиерата ќе биде емитувана и во живо и бесплатно на MagentaMusik 360.
BMG ќе го издаде албумот „Бетовен Х – Проект со вештачка интелигенција“ (Beethoven X – The AI Project) во светски рамки на 8 октомври како ЦД и за стриминг/преземање на сите дигитални платформи.
* ПР - објава