10 типа на бруцоши кои ќе ги запознаеш на факултет
Во прва година на факултет ќе запознаеш многу колеги и со некои од нив ќе останеш пријател до крајот на животот, а на некои веднаш ќе им го заборавиш името...
Се ближи старот на новата академска година. Илјадници бруцоши ќе стојат во универзитетските центри и сите тие ќе имаат нешто заедничко - преплашени од многуте нови работи кои ги очекуваат, а за кои им делува дека не се ни најмалку подготвени и ќе се трудат што подобро да се вклопат со останатите, подеднакво збунети врсници.
Меѓутоа, сите бруцоши скоро секогаш може да се збројат во некоја категорија во зависност од тоа дали во прва година им е најважно учењето, забавата или одењето дома. Сигурно сте имале можност или ќе имате да запознаете некои од нив или пак и самите сте биле или ќе бидете еден од овие 10 типови на бруцоши кои секоја година се појавуваат на факултет.
# Тотално изгубени
Оваа изгубена душа константно ќе лута по ходниците на факултетот и студентскиот дом со упатства и мапа во свои раце и колку време и да е поминато од првото предавање, за овие бруцоши нема помош. Тие мислат дека патот од мензата до собата некако се менува секогаш кога ќе излезат во ходникот. Колку и да сакате не можете многу да му помогнете на овој вид на бруцот.
# Горда бубалица
Оваа личност постојано е во библиотека работејќи на семинарски трудови, иако има уште три недели до последниот рок на предавање на истите. Веќе се поставени за асистент соработник кај својот омилен професор, за кој веќе знаеле се од интернет и пред доаѓањето на факултет. Бубалиците немаат многу време за дружење со остатокот од колегите, но воглавно се однесуваат фино. Доколку убаво ги замолите, можеби и ќе ви помогнат околу задачите по математика.
# Заинтересирани за многу работи
Овој вид на бруцош сака да биде вклучен во сите клубови и студентски организации кои постојат на факултетот. На крајот од првиот семестар или ќе избега од сите групи или ќе ги сретнете во ходниците со многу флаери во рацете, како се борат за подобра храна во мензата или за поевтина школарина.
# Манијак за забави
Овој тип на бруцош нема чувство за одговорност и со оглед на тоа дека сега почувствувал што навистина значи да си слободен и да правиш што сакаш, сака на сите да им даде до знаење дека е подготвен за секаква акција и дека ниту една забава не може да помине без него. Секоја вечер е во локалното кафуле, на некоја домашна забава и тоа, секако, во многу пијано издание.
# Осамен
Доколку овој бруцош од време на време не се појави на предавањата или низ ходниците, никој не би знаел дека постои. Тој или таа секогаш е со слушалки во ушите, пред компјутер или со мобилниот телефон во раце и за нив остатокот од светот не постои.
# Желни за дома
Им недостасува мама. Им недостасува нивната соба, куче, брат и сестра, домашната храна и многу други работи кои ги познавале во првите 19 години од животот. Факултетот е преполн со нови и непознати лица и на нив тоа воопшто не им се допаѓа. Овој тип на бруцош со задоволство ќе го помине цел ден во соба зборувајќи со своите родилите или пишувајќи пораки со пријателите од родното место.
# Зависник од Скајп
Неретко се случува вашиот нов цимер да има девојка или момче кое го имаат оставено зад себе или кое е во друг град на факултет. Можеби премногу се поврзани за родителите или сакаат со пријателите да се гледаат во живо додека разговараат. Тие константно ќе бидат пред компјутерот со слушалки во ушите и преку ден и ноќ на Скајп ќе зборуваат со другите.
# Константно отсутен
Оваа личност во текот на работната недела, но што дојде викендот тие исчезнуваат и ги нема до понеделник. Понекогаш одат дома, понекогаш преспиваат кај други, но вас едноставно не ве известуваат за своето движење. Меѓутоа, може да ги лоцирате преку социјалните мрежи, бидејќи често објавуваат фотографии од своите луди забави или од креветот до својот дом.
# Девојки за мажење
Постои и тип на деовјки кои доаѓаат на факултет само за да се омажат убаво. Да, навистина е така. Тие уште пред да се запишат на факултет добро се информирале за тоа кои професии моментално се најплатени или која гранка на медицината е најбарана во Европската унија, па убаво се подготвуваат шетајќи по дома и глумат дека се фини, за да може да уловат некој иден програмер или лекар.
# Измачен уметник
Измачениот уметник ќе го препознаете по реквизите кои постојано ги носе со себе - без разлика дали е во прашање гитара, фотоапарат, блок за цртање, тие не се оделуваат од нви. Тие одамна си имаат развиено некој свој осамен свет. Ова секогаш ќе предизвикува неодобност кај другите кога ќе разговараат со нив, но од друга страна имаат и некои интересни работи во своите соби.
Може да ве интересира:
5 совети за бруцошите: Грешки кои најчесто се случуваат во прва година на факултет и како да ги избегнеш