11-годишно момче откако се скарало со мајка си, се качило на велосипед и возело 22 часа: Имало само една цел (ФОТО)
Решеноста на ова момче да стигне до куќата на својата баба и да ѝ се пожали од сопствената мајка е импресивна...
Вознемиреното 11-годишно момче поминало 130 километри со својот велосипед. Исцрпениот и изгубен тинејџер бил забележан од случајни возачи, кои повикале полиција.
Странските медиуми пишуваат за необичната приказна за 11-годишното дете од Кина. Момчето, кое живее во градот Хангжу, се скарало со мајка си и решило да оди кај својата баба, која живеела на 140 километри од нивниот дом.
„South China Morning Post“ објави дека на 1 април, 11-годишно момче се степало со сопствената мајка. При расправијата момчето викало дека ќе се пресели кај баба му. Сепак, жената не ги сфатила овие зборови сериозно, а тоа било голема грешка.
Набрзо потоа момчето спакувало ранец со леб и вода, а потоа се качило на велосипедот и се упатило кон квартот Меџианг, каде живее неговата баба, оддалечен 140 километри од неговиот дом.
Од извештаите на локалните медиуми се дозна дека момчето возело 22 часа. На 2 април било забележано во тунелот на еден од автопатите. Загрижените возачи на лице место повикале полиција, кои исцрпеното момче го однеле во полициска станица.
11-Year-Old Chinese Boy Cycles 130km To Grandma's House To Complain About His Mother #trending #latest https://t.co/wzgJAyG68C
— Indiatimes (@indiatimes) April 12, 2023
Во разговорот со униформираните полицајци, 11-годишното момче кажало дека ги следело сообраќајните знаци за да стигне до куќата на неговата баба. Неколку пати погрешило и така завршило во друг правец, што значително му ја издолжило рутата. Необичното патување му траело двојно повеќе отколку што требало.
Меѓутоа, храброто момче сепак било многу блиску до својата цел. Поминало 130 километри и било оддалечено само неколку десетици минути од својата дестинација. Конечно ја видело својата сакана баба во локалната полициска станица, каде жената дошла со неговите родители.
фото: Принтскрин / Твитер